Лазар Кујунџиќ бил војвода на Српскиот комитет на четничката акција.[1]

Лазар Кујунџиќ

Животопис уреди

Лазар е роден во селото Ораховац во близината на Призрен. Основно училиште завршил во родното местп. Богословско училиште завршил во Призрен. Бил учител во Призрен и Кичево.

По влегувањето на првите срспки чети се приклучил на Српскиот комитет на четничката акција. Учествувал во Битката кај Челопек, а потоа со војводата Саватије и Милановиќ се засолнил на Косово.

На Спасовден нивната чета се нашла во Велика Хоча. Четата ја примил Албанецот Лања Укин кој им дал беса (збор) дека во неговата куќа нема да им се случи ништо. Меѓутоа ги пријавил на Турците и тие ја обиколиле куќата.

Бидејќи не сакале да се предадат куќата била запалена и Лазар Кујунџиќ зедно со останатите четници изгорел.

Извори уреди

  1. Пешић, Миодраг Д. Стари четници. Крагуевац: Нови Погледи, 2000

.