Лавиринт (музичка група)

(Пренасочено од Лавиринт (бенд))

Лавиринт — македонска џез-рок музичка група, која била активна од 1976 до 1982 година.

Лавиринт
ПотеклоСкопје, Македонија
Жанровиалтернативен рок, инди рок, панк, хардрок
Период на активност1976-1982
Членови
Димитар Божиков-Мичо (гитара)
Сале Ангелов (тапани)
Боро Антовски (бас)

Почетоци

уреди

Кон крајот на 1976 година, во скопската населба Влае била формирана џез-рок музичката група Лавиринт, во постава, Димитар Божиков-Мичо на гитара, Сале Ангелов на тапани и Боро Антовски на бас. Првите неколку години од своето постоење групата ги поминала како типичен маалски бенд, со повремени учества на некои маалски свирки, на кои најчесто свиреле преработки на теми од „Cobham“, „Beck“, но и од „Смак“, и „Леб и Сол“.

Години на активно постоење: 1981 - 1982

уреди

Од 1981 година членовите на Лавиринт започнале со создавање авторска музика, а пробите ги одржувале во Домот на младите „25 Мај“. Еден од позабележителните настапи групата го имала на групниот концерт наречен „Скопје доаѓа“, на 10 јуни 1981 година, кога на јавноста ѝ била претставена младата и надежна македонска рок-сцена.

За кусиот период на постоење, групата немала можност да направи студиска аудио снимка, па во 1982 година, со заминувањето на членовите во ЈНА, групата престанала да постои.[1]

По распаѓањето

уреди

По враќањето од војска, Боро престанал активно да се занимава со музика, а Сале и Мичо во 1983 година станале дел од новата постава на Морал, а неколку години потоа, и дел од Меморија.

Димитар Божиков-Мичо создал сопствени материјали, а неговиот деби-албум, Guitarland, инструментален рок-албум со десет теми, бил објавен во јануари 2006 година, каде се јавува како комплетен автор и изведувач.

Наводи

уреди
  1. Филиповски, Тошо (2018 година). Македонска рок енциклопедија (1963 - 2018). Скопје: Корпус Деликти Рекордс, Тошо Филиповски. стр. 168. ISBN 978-608-66200-0-4. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)