„Магнолија“ — архитектонско обележје на Битола. Објектот е прогласен за значајно културно наследство на Македонија.[1]

Магнолија
Поглед на фасадата на Магнолија
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видприватна куќа
ГрадБитола
Земја Македонија
ЗавршенаXIX век
Технички податоци
Катови2

Местоположба

уреди

Се наоѓа на плоштадот Магнолија, со адреса на главната улица Широк Сокак бр.37.

Историја

уреди

Градбата била изградена во втората половина на 19 век како сопственост на битолскиот рентиер Икономов. Тој објектот му го дал под закуп на Австрискиот конзулат во градот. Од 1912 година, кога Битола влегла во составот на Србија, објектот почнал да се користи како станбен објект. Во 80-тите станува трговски објект и ресторан под името „Магнолија“, заради магнолијата која се наоѓала пред влезот.[1]

Архитектура

уреди

Архитектонскиот концепт на објектот е монументален и потсетува на средоземната архитектура. Јужната фасада има изразена пропорционалност, постигната со симетрично распоредени прозорски отвори, врамени со мермерни рамки и заоблени отвори на чардаците.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Миновски, Никола, НУ Завод и музеј - Битола. „Австриски конзулат – Конзулска Битола“. Bitola.info. Посетено на 19 февруари 2022.