Куќа на Френк Томас

Куќа на Френк В. Томас ― историска куќа сместена на Авенија „Форест“ 210 во предградието Оук Парк во Чикаго, Илиноис, Соединетите Држави. Зградата била дизајнирана од архитектот Френк Лојд Рајт во 1901 година и била планирана во Прериската архитектонска школа. Според сопствената дефиниција на Рајт, ова била првата од прериските куќи - собите се издигнати, а нема подрум. Куќата, исто така, вклучува многу од одликите што станале поврзани со стилот, како што се низок покрив со широки настрешници, прозори, вградени полици и кабинети, украсени прозорци со оловно стакло и централни огништа/камини. Tallmadge & Watson, стопанско друштво од Чикаго, кое станало дел од Прериската школа за архитектура, додало надградба на задниот дел од куќата во 1923 година.[2]

Куќа на Френк Томас
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Illinois" does not exist
МестоположбаАвенија „Форест“ 210, Оук Парк, Илиноис
КоординатиПредлошка:ConvertAbbrev/US 41°53′26″N 87°48′00″W / 41.89056° СГШ; 87.80000° ЗГД / 41.89056; -87.80000
Површина0.12 хектари
Изградено1901
АрхитектФренк Лојд Рајт
Архитектонски стилПрериски стил
Референтен број според НРИМ72000455[1]
Упис во НРИМ-14 септември 1972
Куќата на Френк В. Томас во 2011 година.
Куќата на Френк В. Томас во 2011 година.
Куќата на Френк В. Томас во 2011 година.
Нацртот за главниот кат.
Нацртот за спалната соба.

На 14 септември 1972 година, Куќата на Френк Томас била додадена во Националниот регистар на историски места во Соединетите Држави.

Дополнителна книжевност

уреди
  • Хајнц, Томас А. The Vision of Frank Lloyd Wright, S. Webb & Sons., Енглеси, Обединето Кралство: 2002 година, стр. 81 – 85, ISBN 1-85361-504-8.
  • Сторер, Вилијам Алин. he Frank Lloyd Wright Companion. University Of Chicago Press, 2006 година, ISBN 0-226-77621-2 (S.067).

Наводи

уреди
  1. „National Register Information System“. Национален регистар на историски места. Служба за национални паркови. јули 9, 2010.
  2. Bell, Robert A. (4 јули 1972). „National Register of Historic Places Inventory - Nomination Form: Frank Thomas Residence“ (PDF). Illinois Historic Preservation Agency. Архивирано од изворникот (PDF) на 15 април 2016. Посетено на 31 јануари 2023.