Куќа крај пругата

„Куќа крај пругата“ (српски: Кућа поред пруге) – југословенски филм од 1988 година, во режија на Жарко Драгојевиќ. Главните улоги ги толкуваат: Љубиша Самарџиќ, Душица Жегарац, Дубравка Јовановиќ, Слободан Бештиќ.[1]

Синопсис

уреди

Едно српско семејство (дедото, таткото, мајката, синот и ќерката) се иселуваат од Косово во Србија, откако неколку албански сепаратисти ја силуваат ќерката. Семејството гради нова куќа на периферијата од градот каде што се доселува, но ниту таму не може да најде мир. Членовите на семејството сè уште се оптоварени од траумите од родниот крај, а на тоа се надоврзува непријателскиот однос на луѓето во новата средина...

Наводи

уреди