Куќа имам на Пелистер
Куќа имам на Пелистер — македонска народна песна со хумористична содржина. На грамофонска плоча за прв пат е издадена во јануари 1959 година, од дискографската куќа Југотон. На ова издание вокалот е на Никола Бадев инструментално поддржан од Ансамблот на Кочо Петровски.[2] Нова верзија на оваа песна е издадена во 1972. Во оваа верзија, песната ја пее Јонче Христовски, а аранжманот е на Мате Грујовски.[3]
„Куќа имам на Пелистер“ | |
---|---|
Македонска народна песна од Никола Бадев, Јонче Христовски, Петар Нечовски, Група Академци и Трио Гранде | |
од EP Проширено издание | |
Јазик | македонски |
Објавена | 1959[1] |
Облик | Грамофонска плоча, 7" |
Студио | Југотон |
Жанр | македонска народна музика |
Должина | 3:17 |
Текст
уредиКуќа имам на Пелистер,
аџанак, баџанак,
куќа имам на Пелистер,
аџанак, баџанак,
кој му стиска, нека дојде,
аџанак, баџанак,
кој му стиска нека дојде,
аџанак, баџанак.
Девет деца, јагорина,
аџанак, баџанак,
девет деца јагорина,
аџанак, баџанак,
во колиба сами спијат,
аџанак, баџанак,
во колиба сами спијат,
аџанак, баџанак.
Едно плаче, сите солзат,
аџанак, баџанак,
едно плачи, сите солзат,
аџанак, баџанак,
едно јаде, сите џвакаат,
аџанак, баџанак,
едно јади, сите џвакаат,
аџанак, баџанак.
Деца имам, жена немам,
аџанак, баџанак,
деца имам, жена немам,
е, кој му стиска, нека дојде,
аџанак, баџанак,
кој му стиска, нека дојди,
аџанак, баџанак.
Наводи
уреди- ↑ https://www.muzichkiregistar.com/AlbumDetails.aspx?id=46197/[мртва врска]
- ↑ „Куќа имам на Пелистер - Никола Бадев“. ВБУ Музички Регистар (muzichkiregistar.com). Архивирано од изворникот на 2021-10-19. Посетено на 2021-10-19.
- ↑ „Коце Берберот Чалгаџијата - Јонче Христовски“. ВБУ Музички Регистар - (muzichkiregistar.com). Архивирано од изворникот на 2021-10-19. Посетено на 2021-10-19.