Куру Дере (притока на Места)
река во Саришабанско, Егејска Македонија
Куру Дере (грчки: Ξηρόρεμα, Ксирорема, до 1969 г. Κουροῦ Ντερὲ[1]) — река на планината Урвил, Саришабанско, Егејска Македонија.[2]
Куру Дере Ξηρόρεμα | |
---|---|
Местоположба | |
Земји | Грција |
Крај | Саришабанско, Егејска Македонија |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Урвил |
• координати | 41°08′46″N 24°30′26″E / 41.1460° СГШ; 24.5071° ИГД |
Устие | |
• место | Струма |
• координати | 41°01′54″N 24°43′54″E / 41.0316° СГШ; 24.7316° ИГД |
Особености на сливот | |
Реката извира во северниот дел на Урвил, североисточно под врвот Чал (1.298 м) под името Чајлик[2] (Халкорема[1]). Тече во југоисточен правец до селото Чајлик, а јужно од него свртува на југ под името Кочаглар. Ја прима десната притока Сујутчук Дере[2] (Ајасма[1]) и свртува на југоисток.[2] Во котлината на Муша Маала ги прима десните притоки Али Кури (Кумариес) и Кестени (Кастания). Во котлината нагло свртува на исток, ја прима десната притока Саут Дере[2] (Итија Рема[1]), и под името Куру Дере ја напушта планината. Потоа се влева во Места како нејзина десна притока, североисточно од селото Куру Дере.[2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 266. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 79): 710. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“