Кура (остров)
Кура или Куркоса (азерски: Kür dili), на руски познат како Курински – остров во Каспиското Море на брегот на Азербејџан. Расположен е на 33 км јужно од Нефчала и околу 150 км југоисточно од Баку, во округот Аран.
Остров Кура Kür dili | |
---|---|
остров | |
Заливот Кизилагач со островот Кура на југоисток | |
Држава | Азербејџан |
Округ | Аран |
Површина | |
• Вкупна | 43 км2 (17 ми2) |
Историја
уредиПорано островот бил поврзан со копното со тесна форма. Фјодор И. Сојмонов, истражувач на Каспиското Море во времето на Петар Велики, го нарекол Куркоса според реката Кура која се наоѓала понасевер. Сојмонов го напишал „Пилот на Каспиското Море“, првиот извештај за ова парче земја, кој бил објавен во 1720 година од Руската академија на науките.[1]
Местоположба
уредиОстровот Кура се наоѓа на 7,5 км од поранешното поврзување со копното и 10 км источно од Кизилагачкиот Залив.[2] Иако е доста оддалечен од Архипелагот Баку, тој се смета како негов најјужен остров.[3]
Површината на островот Кура изнесува 43 [[км2]]. Долг е 11,8 км, а неговата максимална ширина изнесува 5,2 км.[4] Островот е низок и се протега во правец од североисток кон југозапад.
Во 1911 година на островот бил изграден фар кој бил напуштен во 1966 година.[5]
Кура Камен
уредиКура Карпа или Кура Камен (Курински Камен), азерски: Kür daşı, е мало островче со максимална должина од 0,18 км. Расположено е на 13 км источно од североисточниот крај на островот Кура со 39°00′54″N 49°20′01″E / 39.01500° СГШ; 49.33361° ИГД.
Наводи
уреди- ↑ Fedor I. Soimonov - Encyclopædia Britannica
- ↑ „Azerbaijan Travel - Neftchala“. Архивирано од изворникот на 2016-10-12. Посетено на 2017-05-31.
- ↑ Igor S. Zonn, Aleksey N Kosarev, Michael Glantz & Andrey G. Kostianoy, The Caspian Sea Encyclopedia, page 262
- ↑ GoogleEarth
- ↑ „Lighthouses of Azerbaijan“. Архивирано од изворникот на 2016-06-23. Посетено на 2017-05-31.