Семејството Купрен (фр. Couperin) било династичко музичко семејство на професионални композитори и изведувачи. Биле најпродуктивната фамилија во француската музичка историја, мошне активни за време на Барокот. Потекнуваат од Шоме на Бри, мало гратче педесеттина километри источно од Париз, во денешниот (департман Сена и Марна).

Неколку членови од ова семејство биле титуларни оргулари на црквата Св. Жерве, близу Градското собрание, позиција која останала во семејството цели 173 години. Инструментот во оваа црква е од голема важност сам за себе.

Најпрочуени и најнадарени членови на ова семејство биле Луј Купрен и Франсоа Купрен Великиот, негов внук.[1]

Поедноставена семејна лоза

уреди

Оргуларите во црквата Св. Жерве се задебелени со (ранг).

 
Органата во црквата Св. Жерве
  • Матурен Купрен, †1640; земјоделец, инструменталист
    • Дени, †1656; notary, инструменталист
    • Шарл постариот, †1654; инструменталист
      • Луј (1) (1626-1661) чембалист, оргулар и гамбист
      • Франсоа (1631-1701) музичар
        • Маргарита-Луиса (1676-1728) пејачка
        • Никола (4) (1680-1748), оргулар
          • Арман-Луј (5) (1727-1789), оргулар
            • Пјер-Луј (6) (1755-1789), оргулар
            • Жерве-Франсоа (7) (1759-1826), оргулар
              • Селеста-Тереза (8) (1795-1860), оргуларка
            • Никола-Луј (1760-по 1817)
      • Шарл (2) (1639-1679)
        • Франсоа Великиот (3) (1668-1733)
          • Марија-Маделена (1690-1742) калуѓерка, оргуларка
          • Франсоа-Лорен († по 1740)
          • Маргарита-Антоанета (1705-1778) чембалистка на Кралот

Наводи

уреди
  1. Glaire, J. B. (Jean Baptiste); Walsh, Joseph-Alexis; Chantrel, Joseph; Orse, abbé; Alletz, Edouard (1840). Encyclopédie catholique, répertoire universel et raisonné des sciences, des lettres, des arts et des métiers, formant une bibliothèque universelle, avec la biographie des hommes célèbres; ornée de plus de 3000 gravures dans le texte et refermant le résumé de plus de dix mille ouvrages. (in French). New York Public Library. Paris, P. Desbarres.