Голема ласица

(Пренасочено од Хермелин)
Голема ласица
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Животни
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Семејство: Куни
Потсемејство: Куни
Род: Ласица
Вид: Голема ласица
Научен назив
Mustela erminea
Linnaeus, 1758
Распостранетоста на големата ласица

Голема ласица или хермелин (науч. Mustela erminea) — животно кое спаѓа во семејството ласици.

Особености

уреди

Неговото снежнобело крзно со векови ги украсувало кралските наметки и денес сè уште се користи во индустријата за крзно. Големите ласици живеат во Северна Америка и северна Евроазија. Најчести се на местата покриени со грмушки, шумски и полушумски предели. Во лето тие се кафени, со бела боја на грлата, градите и стомаците. Долги се 13-30 см, од кои опашката е долга 5-12 см и тежат помалку од 0,3 кг. Големи месојадци, ласиците се хранат со мали цицачи, птици, јајца, жаби и понекогаш со безрбетници. [2]

Наводи

уреди
  1. Mustela erminea. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 21 March 2009.
  2. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, Скопје, 2006, книга 10, стр. 109, Хермелин - (Ermine)