Културоцид, културен геноцид или културно чистење — поим што се користи во меѓународното право за „културната“ компонента на геноцидот, односно систематско поништување и уништување на културните вредности, добра и пред сè културниот (националниот) идентитет. Во најголем број случаи злосторства од типот „културоцид“ се поврзани со одредена етничка или религиозна група или поретко цел еден народ (пример муслиманите во поранешна Босна и Херцеговина). „Културоцид“ е само делумно кодифициран во меѓународното кривично право и само мал број лица е суден за овој вид геноцид (Ратко Младиќ во Хашкиот трибунал за поранешната Југославија). „Културоцид“ многу често се користи и за систематско искоренување на регионалните дијалекти (јазичен пуризам), палење книги, damnatio memoriae, цензура, па и асимилацијата на јазици (најновите обиди на Бугарија да врши јазична асимилација). Понатаму, негирањето на различните елементи на културен национален идентитет, договори за менување културен идентитет, обиди за бришење колективна меморија на народот или одредена група, разни форми на рестрикции и цензурирања на една култура, посебно цензури во врска со јавните медиуми или другите идентитетски ограничувања и „прочистувања“, како пример на таквите јавни и други архиви или библиотеки од содржината што се смета за неприфатлива и сл.

Сениор Буда од Бамијан пред и по уништувањето

Активностите кои се сметаат за културоцид влегоа во меѓународно кривично право, преку договори и конвенции што третираат одредени активности насочени кон намерно уништување спомениците на култура и другите елементи на културниот идентитет - како воени злосторства. „Културоцид“ како систематско уништување на една култура има генерално два вида. Едниот е свесно систематско и масовно уништување, а другиот почест облик е културната асимилацијата (пред која исто така, по правило, претходи фаза на културно бришење или културна деградација односно идентитетска деградација).

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  • I. Janev, Prespa Agreement And Its Effects On Macedonian Right To National Identity:: An Act of Ethno– Genocidal Termination of the National Identity, Lambert Academic Publishing 2021. ISBN 978-620-4-71741-8.[1]
  1. Види [1] Архивирано на 19 ноември 2021 г.