Jus Cogens право
Jus Cogens императивни норми и принципи
Jus Cogens (или ius cogens [1]) нормите се по дефиниција највисоки ("перемпторни"[2]) обичајни[3] норми, правила и принципи посилни од диспозитивното те. пишано право (jus dispositivum), вклучувајќи и нормите содржани во уставите (на држави) и меѓународните договори и конвенции. Овие норми и принципи не се подложни на дерогирањето. Тие се: правото на државна и народна самоодбрана, правото на самоопределување и интегритетот, правото на правна и суверена еднаквост и правото на државен и територијален суверенитет и интегритет, правото на политичка назавиност, правото на немешање во строга внатрешна надлежност, правото на не-дерогирање на елементите од правниот субкетивитет, правото на недискриминација на државите, правото на заштитата на основните човекови поединечни и колективни права, и слични егзистнцијални права (геноцид, тортура, итн). Овде спаѓаат инхерентните те. вродените права, од кои држава и да сака не може да се откаже со пишан документ односно закон, устав или меѓународен договор, бидејќи мора да ги поседува како држава (основните елементи на државност односно права поврзани со правната должност држава да ги поседува и да не ги дерогира).[4][5]
Вообичаено за jus cogens нормите и правилата во меѓународното кривично право се сметаат забрана за водење на агресивната војна, злосторствата против човештвото, воените злосторства, геноцид, ропство и тортура, и слични екстремни кршења на правото или пошироко според меѓународното јавно право и фундаменталните норми на јавниот морал [6].
Според дејството сите jus cogens норми се применуваат erga omnes (према сите).[7]
Литература
уреди- Jerzy Sztucki, Jus Cogens and the Vienna Convention on the Law of Treaties: A Critical Appraisal, Springer-Verlag, Wien, 1974.
- Alexander Orakhelashvili, Peremptory Norms in International Law, Oxford University Press, 2008.
- Игор Јанев, Теорија за држава и право, Čigoja-Štampa. Белград: 2020. ISBN 978-86-531-0551-8.
- Thomas Weatherall, Jus Cogens, International Law and Social Contract, Cambridge Core, Georgetown University, Washington DC, 2015.
- Robert Kolb, Peremptory International Law - Jus Cogens, Hart Publishing, 2015.
Поврзано
уредиИзвори
уреди- Универзална декларација за правата на човекот, 1948. [1]
- International Covenant on Civil and Political Rights,1966. [2]
- International Covenant on Economic, Social and Cultural Rights,1966. [3]
- Vienna Convention on the Law of Treaties, 1969. [4]
- Vienna Convention on the Representation of States in their Relations with International Organizations of a Universal Character, 1975.[5]
- Vienna Convention on the Law of Treaties between States and International Organizations or between International Organizations, 1986.[6]
Наводи
уреди- ↑ На лат. "неодоливо право" те. "неповредливо право", а на анг. "compelling law"
- ↑ Највисоки во правната хијерархија и апсолутни.
- ↑ Најголем дел од овие обичајни ius cogens норми до денес се кодифицирани во конвенциите и слични меѓународни акти.
- ↑ Во врска со ништавност на меѓународните договори и акти спротивни на ваквите императивни норми види во Vienna Convention on the Law of Treaties, Article 53, May 23, 1969, 1155 U.N.T.S 331, 8 International Legal Materials 679 (1969). Во овој член се вели: "A treaty is void if, at the time of its conclusion, it conflicts with a peremptory norm of general international law. For the purposes of the present Convention, a peremptory norm of general international law is a norm accepted and recognized by the international community of States as a whole as a norm from which no derogation is permitted and which can be modified only by a subsequent norm of general international law having the same character".Види [7]
- ↑ Поврзано Article 64 (emergence of new peremptory norms),Vienna Convention on the Law of Treaties, May 23, 1969, 1155 U.N.T.S 331, 8 International Legal Materials 679 (1969). Во овој член се вели: "If a new peremptory norm of general international law emerges, any existing treaty which is in conflict with that norm becomes void and terminates."Види [8]. Види и Vienna Convention on the Law of Treaties between States and International Organizations or between International Organizations, 1986, членовите 53. и 64. [9]
- ↑ Пример за ова е промена на името или идентитетот на националното или државното име, спротивна на вољата на нацијата или народот, при што ваквата промена се инсталира со меѓународен инструмент (односно jus dispositivum станува спротивен на jus cogens).
- ↑ Овие норми (imperium) се "запирачка" за нелегалните договори и акти со нелегалниот предмет на склучување.