Боцванска култура
Културата во Боцвана е типична јужноафриканска, но со одредено влијание од европските колонијални сили. Доминантен културен елемент во државата е цванскиот, и истиот се рефлектира во спортот, уметноста, музиката и останатите општествени сегменти.
Образование
уредиВо моментот кога Боцвана се стекнала со независност, во државата имало многу мал број дипломирани лица, и мал процент на луѓе со средно образование. Боцвана ја зголемила писменоста на возрасното население од 69% во 1991 година на 83% во 2008.[1]
Со откривањето на дијаманти и приходите кои владата ги добила од тоа, се забележал голем пораст на образованието во државата. На сите деца им се гарантира десетгодишно основно образование. Околу половина од учениците во Боцвана посетуваат дополнителни две години средно образование. Средното образование во Боцвана не е бесплатно и не е задолжително.
По завршувањето на средното образование, учениците може да се запишат на еден од шесте колеџи во државата или да се запишат на некои курсеви. Во државата функционираат Универзитетот Боцвана, Боцвански земјоделски колеџ и Боцвански сметководствен колеџЖБоцванскиот сметководствен колеџ. Покрај овие, во државата има и уште одреден број приватни високообразовни институции. Голем дел од студентите се стекнуваат со државна школарина. Владата на Боцвана е во изградба и на вториот државен универзитет - Боцвански меѓународен универзитет за наука и технологија.
Спорт
уредиФудбалот е најпопуларен спорт во државата. Најголем успех на боцванскиот фудбал е квалификувањето на Африканскиот Куп 2012. Покрај фудбалот, во државата популарни се крикетот, тенисот, рагбито, ракометот и голфот[2][3] Боцвана е член на Меѓународниот совет за крикет.
Боцвана нема медал на Олимписките игри, но во 2011 година Амантле Монтшо станала светски шампион во трки на 400 метри и таа станала првиот атлетичар од Боцвана кој освоил медал на меѓународно ниво. Покрај Амантле, Кабело Кгосиеманг е исто така познат атлетичар, кој бил трипати африкански шампион во скок во височина.
Уметност и кујна
уредиБоцванската музика е вокална и се изведува без тапани. Голема улога во боцванската музика имаат жичените инструменти. Традиционални боцвански инструменти се сетинкане и сеганкуре. Во последните години гитарата станала неопходен дел од боцванската музика.
Кујната во Боцвана е уникатна, но сепак споделува одлики со останатите јужноафрикански кујни. Популарни јадења во Боцвана се пап, буревурс, самп, феткек и црви мопане. Карактеристично за Боцвана е сесва, солено мешано месо.
Најстарите боцвански и јужноафрикански цртежи на луѓе, животни и лов се наоѓаат во пустината Калахари. Цртежите биле изработени од Бушмани и се стари преку 20 000 години.
Национални празници
уредиНационалните празници во Боцвана се[4]:
Датум | Македонско име | Локално име | |
---|---|---|---|
1 јануари | Нова Година | Ngwaga o mosha | |
2 јануари | Општ празник | ||
варира[5] | Велики петок | Labotlhano yo o molemo | |
Велигденски понеделник | |||
варира[6] | Велигден | Tlhatlogo | |
1 јули | Ден на Сереце Кама | ||
19 јули | Ден на претседателот | ||
20 јули | Општ празник | ||
30 септември | Ден на независност | Boipuso | |
25 декември | Божиќ | Keresemose | |
26 декември/27 декември | Ден на добра волја | ||
Денот после Божиќ е исто така неработен ден. |
Наводи
уреди- ↑ „UNESCO Institute for Statistics“. Stats.uis.unesco.org. Архивирано од изворникот на 2008-07-25. Посетено на 2011-08-21.
- ↑ „Sparks to fly at Diamond“. Botswana Press Agency (BOPA). Посетено на 2008-01-18.
- ↑ „Opinion the Academic World“. Botswana Press Agency (BOPA). Архивирано од изворникот 2006-10-03. Посетено на 2008-01-18.
- ↑ Botswana Public Holidays
- ↑ Вообичаено во март или април.
- ↑ Вообичаено во мај
Поврзано
уреди