Вариска култура

(Пренасочено од Култура Хуари)
За несродниот народ видете народ Вари.

Вариската култура (шпански: Huari) била култура која се развила пред Инките во регионот на Андите, поточно во јужниот дел од брегот на Перу во периодот од 500 до 900 година. Главниот град на оваа култура бил Вари и се наоѓал на околу 25 км североисточно од денешниот град Ајакучо во Перу. Овој град бил центар на цивилизацијата која покривала голем дел од висорамнините и брегот на Перу. Подоцна, државата се проширила и го зазела градот Пачакамак, иако се верува дека имал одредена автономија. Исто така, во склоп на Вариската култура или држава влегле и Моче културата, а подоцна и Чиму културата. Најдобрите археолошки остатоци од Вариската култура постојат во градот Квинуа познати како Вариски остатоци. Исто така познати се остатоците и во близина на градовите Чиклајо и Пикилакта.

Култура Вари
Wari
500–900
Среден хоризонт.
Среден хоризонт.
Главен градВари
Говорени јазициАјмарски јазик и други.
Вероисповед
локална андска религија
Уредувањенепознат
Историски периодпред-колумбиска
• Основана
500
• Престанала да постои
900
Претходници
Наследници
Тиванаку култура
Хуарпа култура
Лима култура
Насканска култура
Империја Вари

Се верува дека Варите го измислиле терасното земјоделство, начин на одгледување кое подоцна го усовршиле и Инките. Мајчиниот јазик на Варите се верува дека бил кечуанскиот јазик, но со споредбено и историско проучување на андските јазици се довело до верување дека мајчиниот јазик бил форма на ајмарскиот јазик. Вариската култура почнала за исчезнува во 800 година, а во 900 година и градот Вари исчезнал.

Поврзано

уреди

Користена литература

уреди
  • Collier, Simon et al. (Ed.) (1992). The Cambridge Encyclopedia of Latin America and the Caribbean (Second. изд.). Cambridge University Press. ISBN 0-521-41322-2.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски

уреди