Кула Каменец
Кула Каменец, честопати нарекувана како Белата кула (белоруски: Белая вежа) — главно обележје на градот Каменец, Белорусија. Името Белаја Вежа, што буквално значи Бела кула или Бела тврдина на белоруски, веројатно било добиено поради близината на Беловешката шума, но не и од нејзината боја, која низ вековите е со црвена тула, и никогаш не била бела[1].
Кула Каменец | |
---|---|
Поглед на кулата | |
Општи податоци | |
Место | Каменец |
Земја | Белорусија |
Првиот запис во хрониките за изградба на кулата датира од 1276 година. Изградена помеѓу 1271–1289 г. од архитектот Олекса како гранично упориште на северната граница на Кнежевството Волинија, таа е единствената кула од ваков тип која останала до денес во Белорусија[2]. (слични кули биле изградени во Брест, Гродно, Турав, Навахрадак, но тие биле уништени за време на војните.)
Денес кулата е национално историско место. Кулата е главното обележје на Каменец денес. Од 1960 година во неа се наоѓа Брестовскиот национален музеј. На 30 јануари 2004 година, кулата била додадена на списокот на Светското наследство на УНЕСКО, во категоријата Култура[3].
Наводи
уреди- ↑ The story of the White Tower of Kamyenyets Архивирано на 12 февруари 2012 г. on the Belavezhskaya Pushcha National Park site (руски).
- ↑ „The Tower of Kamyenyets - Charismatic Planet“. Charismaticplanet.com. Посетено на 18 May 2018.
- ↑ Centre, UNESCO World Heritage. „UNESCO World Heritage Centre - Tentative Lists“. Whc.unesco.org. Посетено на 18 May 2018.
Надворешни врски
уреди„Кула Каменец“ на Ризницата ? |
- Kamenets - Belarus at its BEST!
- Kamenets Tower Архивирано на 25 мај 2020 г.
- Photos at Radzima.org
- Photos at Globus.tut.by
52°24′17.15″N 23°49′10.28″E / 52.4047639° СГШ; 23.8195222° ИГД