Приказната за Ксену (анг. Xenu /ˈziːnuː/)[1][2][3] е дел од езотеричните учења на скиентологијата достапна само на тесен круг посебно обучени скиентолози. Според основачот на скиентологијата Л. Рон Хабард, Ксену бил диктаторот на „Галактичката конфедерација“ кој пред 75 милиони години донел милијарди вонземјани[4] на Земјата во обид да го реши проблемот со пренаселеноста на некои други планети. Ксену ги наредил вонземјаните околу вулкани и ги убил користејќи водородни бомби. Официјалните скиентолошки списи тврдат дека есенциите (т.е. душите) на овие вонземјани останале на Земјата и дека тие се групираат околу луѓето во денешно време, предизвикувајќи духовна штета.[1][5]

Овие настани Хабард ги нарекол „Инцидент II“ (анг. Incident II),[6] а трауматските спомени поврзани со нив „Ѕидот од оган“ (анг. The Wall of Fire) или „Имплантот Р6“ (анг. Implant R6). Приказната за Ксену е дел од скиентолошките учења за вонземски цивилизации и интервенции од вонземјани во земските случувања, колективно наречени „космичка опера“ (анг. space opera) од Хабард. Хабард првпат ја детализира приказната во скиентолошкото ниво Оперативен тетан III (ОТ III) во 1967 година, предупредувајќи дека овие материјали можат да го убијат оној кој ги чита без соодветна скиентолошка обука.[7][8][9]

Во скиентологијата, приказната за Ксену е дел од тајната „напредна технологија“[6] и се смета за свето и езотерично учење.[10] Црквата на скиентологијата им ја открива оваа приказна само на оние членови кои имаат дадено големи суми пари.[11] Црквата го избегнува спомнувањето на Ксену во јавните изјави и има направено значителен напор да ја одржи доверливоста на приказната, вклучувајќи правни мерки.[12] Официјалните претставници на Црквата на скиентологијата се обидуваат да ја сокријат приказната за Ксену од јавноста.[13][14] Меѓутоа, судските записи во кои официјалните претставници на црквата ја признаваат приказната за Ксену протекоа во јавноста преку интернетот.[13]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Lewis, James R. (2004). The Oxford Handbook of New Religious Movements. Oxford University Press. pp. 360, 427, 458. ISBN 0-19-514986-6
  2. Sappell, Joel; Robert W. Welkos (June 24, 1990). "Defining the Theology: The religion abounds in galactic tales". Los Angeles Times. p. 11A. Retrieved January 21, 2009.
  3. Hargrove, Mary (Tribune Managing Editor/Projects) (March 10, 1992). "Church battles critics – Mental treatment clashes with regulators, psychiatrists". Tulsa World (World Publishing Co.). p. 1A.
  4. Partridge, Christopher Hugh (2003). UFO Religions. Routledge. ISBN 0-415-26324-7, pp. 263–264.
  5. Scott, Michael Dennis (2004). Internet And Technology Law Desk Reference. Aspen Publishers. p. 109. ISBN 0-7355-4743-2.
  6. 6,0 6,1 Savino, John, PhD; Jones, Marie D. (2007). Supervolcano: The Catastrophic Event That Changed the Course of Human History. Career Press. ISBN 1-56414-953-6, p. 55
  7. Lamont, Stewart (1986). Religion Inc.: The Church of Scientology. London: Harrap. ISBN 0-245-54334-1, pp. 49–50
  8. Corydon, Bent; Hubbard, Jr., L. Ron (1987). L. Ron Hubbard: Messiah Or Madman?. New Jersey: Lyle Stuart. ISBN 0-8184-0444-2, p. 364
  9. Koff, Stephen (December 23, 1988). "Xemu's cruel response to overpopulated world". St. Petersburg Times. p. 10A.
  10. Mikael Rothstein (2009). ""His name was Xenu. He used renegades ...": Aspects of Scientology's Founding Myth". In James R. Lewis. Scientology. Oxford University Press USA. p. 367. ISBN 978-0-19-533149-3.
  11. Sappell, Joel; Robert W. Welkos (June 24, 1990). "The Scientology Story". Los Angeles Times: A36:1. Archived from the original on May 24, 2008. Retrieved December 3, 2008.
  12. Frankel, Alison (March 1996). "Making Law, Making Enemies". American Lawyer: 68.
  13. 13,0 13,1 Urban, Hugh B. (June 2006). "Fair Game: Secrecy, Security, and the Church of Scientology in Cold War America". Journal of the American Academy of Religion (Oxford University Press) 74 (2): 356–389. doi:10.1093/jaarel/lfj084. ISSN 1477-4585.
  14. Jordison, Sam (2005). The Joy of Sects. Robson. p. 193. ISBN 1-86105-905-1.