Кралски театар (Солун)
Кралскиот театар во Солун, Грција е дел од Националниот театар на Северна Грција. Сместен е на плоштадот до Белата кула. Има капацитет од 683 седишта.[1]
Историја
уредиТеатарот бил изграден во 1940 година, проектиран од архитектот и градски планер Константинос Доксиадис. Театарот бил изграден без покрив, како летен театар. Но на самото отворање, во јули 1940 година, за време на претставата „Ричард III“ од Шекспир, заврнал дожд, па било решено да се постави некаков покрив. За време на окупацијата на Грција, од 1941 до 1944 година, театарската сцена била користена за разни културни настани на окупаторските власти.[2] Во 1961 и 1962 година, овде се наоѓало седиштето на Државниот театар на Северна Грција, а во текот на следните години, просторот се користел како место за проби, но и за складирање на материјали.
Во 1996 година, почнала изградбата на нова зграда, која е отворена во 2000 година.[2] Во новата зграда има повеќенаменска сцена (погодна за перформанси концерти, кино и слично), фоаје и неколку простории кои се користат за различни настани, како што се изложби, конференции, предавања, итн.
Наводи
уреди- ↑ „Βασιλικό Θέατρο“. Κρατικό Θέατρο Βορείου Ελλάδος. Посетено на 9/9/2015. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ 2,0 2,1 Αδαμίδου, Σοφία (Κυριακή 10 Σεπτέμβρη 2000). „ΚΡΑΤΙΚΟ ΘΕΑΤΡΟ ΒΟΡΕΙΟΥ ΕΛΛΑΔΟΣ:Δέσμιο της κυβερνητικής αναλγησίας“. Ριζοσπάστης. Посетено на 9/9/2015. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help)