Кралот на циганите

Кралот на циганите е американски драма филм на Парамаунт пикчрс од 1978 година во кој играат Ерик Робертс (во неговото филмско деби), Стерлинг Хејден, Шели Винтерс, Сузан Сарандон, Брук Шилдс, Анет О'Тул и Џад Хирш .

„Кралот на циганите“
РежисерФренк Пирсон
ПродуцентДино Де Лаурентис (извршен продуцент)
Федереко Де Лаурентис
СценаристПитер Мас (книга)
Френк Пирсон (сценарио)
Главни улогиЕрик Робертс
Стерлинг Хејден
Шели Винтерс
Сузан Сарандон
Брук Шилдс
Анет О'Тул
Џад Хирш
МузикаДејвид Грисман, Стефан Грапели
КинематографијаСвен Никвист
МонтажаПол Хирш
СтудиоДино Де Лаурентис компанија
ДистрибутерПарамаунт пикчрс
Времетраење112 минути
ЗемјаСАД
Јазиканглиски
Бруто заработка7,325,177 долари

Филмот, во режија на Френк Пирсон, кој исто така се потпишува и како сценарист, е адаптација на книгата Кралот на циганите од Питер Мас, објавена во 1975 година. Ја раскажува животната приказната за Стив Тене и неговата фамилија.

Неколкумина од техничките советници, епизодисти и статисти кои работеле на филмот биле вистински роми. Дејвид Гризман ја компонирал музиката, во која многу истакната улога имаше легендарниот џез-виолинист Стефан Грапели, исто така двајцата се појавиле во кратките улоги на ромски музичари. Идната глумица Рејчел Тикотин играла една од ромските танчерки.

Ерик Робертс бил номиниран за Златен глобус во 1979 година во категоријата „Најдобра дебитантска улога во филм – мажи“ за неговата изведба како Дејв.

Резиме на заплетот

уреди

Филмот се занимава со криминалните и бурни животи на група роми во раните 1960-ти во Њујорк. На својатa смртна постела нивниот „крал“, Жарко Степановиц (Стерлинг Хејден) го именува неговиот внук, Дејв (Ерик Робертс) за негов наследник. И покрај колебливоста на Дејв да стане новиот водач на ромите, таткото на Дејв, Грофо (Џад Хирш), огорчен што тој не е назначен за водач, се обидува да го убие Дејв. Грофо е манипулативен, непредвидлив и користи насилни методи и закани да го уцени кланот да го извршат убиството. На крај ова доведува до голема конфронтација со неговиот син и филмот завршува сугерирајќи дека Дејв конечно го прифатил неговото наследство; преку неговата нарација разгледувајќи ја можноста тој да ги одведе традиционално-врзаните роми кон начинот на живот и обичаите на 20тиот век.

Улоги

уреди
  • Ерик Робертс како Дејв Степановиц
  • Стерлинг Хејден како кралот Жарко Степановиц
  • Џад Хирш како Грофо Степановиц
  • Шели Винтерс како кралицата Рејчел Степановиц
  • Сузан Сарандон како Роуз Џорџо Степановиц
  • Брук Шилдс како Тита Степановиц
  • Анет О'Тул како Шарон
  • Ени Потс како Перса
  • Мајкл В. Газо како Спиро Џорџо
  • Антонија Реј како Даница Џорџо
  • Метју Лаборто како средниот Дејв Степановиц
  • Даниел Брисебоа како младата Тита Степановиц

Продукција

уреди

Питер Богданович беше првично најавен како режисер.[1]

Додатни белешки

уреди

Сестрата на Дејв, Тита, ја игра Брук Шилдс, а неговата девојка Шерон ја игра Анет О'Тул . Ова бил втор последователен филм во кој Сузан Сарандон и Брук Шилдс глумат мајка и ќерка, после Прити Бејби . Пет и пол години после премиерата на филмот, на 20 јуни 1984 година, Шели Винтерс и Ени Потс гостуваа во Вечерното шоу на Џони Карсон. Винтерс воопшто не се сеќавал на соработката со Потс во филмот и тој коментар бил урнебесно прифатен од публиката. Дел од овој сегмент бил репризиран на неколку специјални прослави за годишнината на Вечерното шоу.

Исто така

уреди

Надворешни врски

уреди
  1. „Briefs on the Arts: Monet Study Added To Met Exhibition Bogdanovich Signs For Gypsy Film Mrs. Ford to Aid Group for Dance“. New York Times. 25 January 1975. стр. 13.