Кралот и кралот (2000)

„Кралот и кралот“ (2000 година) е сликовница за деца напишана и нацртана од Стерн Нејланд и Линда де Хаан. „Кралот и кралот“ ја раскажува приказната за младиот принц чија мајка го присилува да си најде принцеза. Откако ќе запознае многу принцези, принцот се заљубува во друг принц. „Кралот и кралот“ беше првично напишана на холандски, но е преведена на повеќе од десет јазици.[1] Илустрациите во книгата имаат добиено и позитивни и негативни критики. Книжевната критика особено ја наградува оваа сликовница поради нејзината корисност во образовно-воспитниот процес, но и поради предизвикувањето на општествените норми.

Продажбата на оваа книга беше значајно зголемена по спротивставувањето од општествените конзервативци, кои сметаат дека децата не треба да бидат изложени на тематики поврзани со ЛГБТ заедницата.[2]

Наводи уреди

  1. „biografie“. www.lindadehaan.com. Посетено на 2020-05-27.
  2. Flaherty, Julie (2004-08-01). „Blackboard Reading; The Kings' Queendom“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2020-05-27.