Кралот Лир (филм од 2018)
„Кралот Лир“ (англиски King Lear) — телевизиски филм од 2018 година, во режија на Ричард Ајер (Richard Eyre), кој е автор и на сценариото, засновано врз истоимената драма на Вилијам Шекспир. Главните улоги ги играат: Ентони Хопкинс (Anthony Hopkins), Емили Вотсон (Emily Watson), Ема Томпсон (Emma Thompson) и Флоренс Пју (Florence Pugh).[1]
Содржина
уредиДејствието на филмот се одвива во милитаризираниот Лондон во 21 век. Авторитарниот крал Лир (го игра Хопкинс) ги објавува крајот на своето владеење и поделбата на кралството. Притоа, одлуката ја заснова врз тоа колку му ласкаат трите ќерки, Гонерил (ја игра Томпсон), Реган (ја игра Вотсон) и Корделија (ја игра Пју).