Крале Марко ја препознава татковата сабја
Марко Крале ја препознава татковата сабја (српски: Марко Краљевић познаје очину сабљу) е српска епска (јуначка) песна. Песната прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од ајдукот Тешан Подруговиќ.[1]
Содржина
уредиРано наутро, една Турчинка оди на реката Марица за да бели платно. Наеднаш, водата се заматува и таа здогледува во реката многу мртви војници. Еден јунак ја моли да му подаде платно за да доплива до брегот и таа го спасува. Непознатиот јунак, тешко ранет и убаво облечен, бара од девојката да го замоли нејзиниот брат Мустафа-ага да го прими во неговата куќа, а за возврат на двајцата ќе им даде три товари богатство. Девојката ја пренесува молбата и го моли својот брат да го поштеди јунакот, но тој го убива. По некое време, Мустафа-ага ѝ се приклучува на царската војска при што ја носи сабјата што ја зел од непознатиот јунак. Крале Марко ја препознава сабјата и го прашува агата како дошла во неговите раце, а Мустафа-ага му ја кажува вистината. Тогаш, Марко го убива агата, а веста за тој настан доаѓа до царот. Царот го повикува Марко кај себе, но кога го гледа разлутен, му дава стотина дукати, а Марко му кажува зошто е налутен.[2]