Катета
Кај еден правоаголен триаголник, катетата[1][2] (од стргрч. κάθετος), наречена и крак) е една од страните што го сочинуваат правиот агол. Страната спроти правиот агол е хипотенузата. Кога се споменува хипотенузата, катетите едноставно се нарекуваат „другите две страни“.
Ако катетите на правоаголниот триаголник имаат различни должини, тогаш разликуваме пократка и поголга катета. Соодносот помеѓу должините на катетите ги определува тригонометриските функции тангенс и котангенс на аглите на триаголникот. Кај правоаголниот триаголник, должината на катетата е воедно и геометриската средина помеѓу должината на отсечката што ја сочинува висината до хипотенузата и должината на целата хипотенуза. Според Питагорината теорема, збирот од квадратите на должините на катетите е еднаков на квадратот на должината на хипотенузата.