Коцкарница (казино) — објект или просторија во која се одвиваат одредени активности на коцкање. Коцкарниците најчесто се градат или се отвораат во комбинација со хотели, ресторани, трговски центри, бродови за крстарење или други туристички атракции.

Некои коцкарници се познати по тоа што организираат вечери на забава во живо, како што се стенд ап комеди, концерти и спортски натпревари. Употребата на зборот во минатото и модерната употреба во некои земји, не секогаш вклучуваат коцкање.

Коцкање во коцкарница

уреди
 
Коцкарските автомати се наоѓаат скоро во сите коцкарници

Во повеќето јурисдикции ширум светот, коцкањето е дозволено за лица кои имаат навршено од 16 до 21 година во зависност од државата.

Посетителите се коцкаат играјќи игри на среќа, а во некои случаи за тоа е потребно одредена вештина, како кај крапс, рулет, бакарат, блек џек, и видеопокер. Повеќето од игрите имаат математички определени коефициенти, кои гарантираат дека куќата секогаш има предност пред играчите. Во игрите, како што е покерот, каде што играчите играат еден против друг, куќата зема посебна провизија. Коцкарниците понекогаш даваат некои други комплементарни награди на играчите.

Исплата е процентот освоен од страна на играчите.

Во коцкарниците во САД кога играчот игра со пари освоени во коцкарница, се вика дека тој игра со парите на куќата.

Слот машините станаа најпопуларната форма на коцкање во коцкарниците. Во последно време се спроведени истражувања со кои се подига прашањето дали модерните слот машини создаваат зависност.

Семрежна коцкарница

уреди

Семрежна коцнарница (анг. online casino), исто така позната и како онлајн казино, виртуелна коцкарница или семрежна коцкарница, е семрежна верзија на традиционалната коцкарница. Семрежните коцкарници им овозможуваат на играчите да играат и да се обложуваат на игри преку семрежјето.

Ваквите коцкарници претежно нудат коефициенти и исплата кои се споредливи со традиционалните коцкарници. Некои семрежни коцнарници тврдат дека имаат повисоки проценти на исплата за коцкарски автомати („еднораки џекови“), а некои дури и објавуваат ревидирани извештаи за процентот на исплата на нивните мрежни места.

Поголемиот дел од семрежните коцкарници го изнајмуваат или го купуваат програмот од претпријатија како Microgaming, Realtime Gaming, Playtech, International Game Technology and CryptoLogic Inc.

Видови на семрежни коцкарници

уреди

Семрежните коцкарници може да бидат поделени во две групи во зависност од нивниот кориснички посредник: прелистувачки и за преземање. Некои коцкарници ги нудат и двата.

Прелистувачки семрежни коцкарници

уреди

Ова се коцкарници каде што корисниците може да играат игри без да го симнуваат програмот на својот сметач, односно играат на мрежното место преку самиот прелистувач.

Семрежни коцкарници за преземање

уреди

Кај овој вид на коцнарници треба да се преземе на самиот сметач и да се воспостави програмот за да може да се игра и обложува на понудените коцкарски игри.

Понудени игри

уреди

Најзастапени игри на семрежните коцкарници се:

Коцкарницата како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. Пази се! Доаѓа Cinedays 13. Скопје: Младински културен центар, 2014, стр. 19.