Котури[1] или Даули[2] (грчки: Κώτουρη) — река во Костурско, Егејска Македонија, лева притока на Стара Река (Ксиропотамос). Влегува во сливното подрачје на Костурското Езеро.

Котури
Κώτουρη
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајКостурско, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоВич
 • координати40°33′36″N 21°27′58″E / 40.5600° СГШ; 21.4662° ИГД / 40.5600; 21.4662
Устие 
 • место
Стара Река кај Б’мбоки
 • координати
40°32′38″N 21°23′50″E / 40.5439° СГШ; 21.3972° ИГД / 40.5439; 21.3972
Особености на сливот

Опис

уреди

Реката извира од јужните падини на Вич, југозападно под врвот Саргоница (1.382 м) под името Даули.[1][2] Тече на југозапад и ја прима големата лева притока Дуца (во 1969 г. преименувана во Криорема[3]), а потоа свртува на запад. Ја прима големата десна притока Бобишка Река (Рема Вергас[3]), излегува од планината и се влева во Стара Река кај селото Б’мбоки.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  2. 2,0 2,1 Flórina GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. 610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University. London: War Office. 1944.
  3. 3,0 3,1 „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 266. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 79): 712. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)