Корпоративизам

(Пренасочено од Корпоратизам)

Корпоративизам е социополитичка идеологија која се залага за организирање на општеството во посебни групи (како на пример земјоделски, работнички, воени, деловни, научни или еснафски групи) врз основа на нивните заеднички интереси.[1] [2] Терминот е изведен од латинскиот збор корпус (corpus) - „тело“.

Оваа идеологија била осмислена и воведена во фашистичките држави во Европа во средината на 20 век; корпоратизвимот требало да биде алтернатива на слободните пазарни економии и на социјалистичките економии.[3] Во сржта на корпоративистичката теорија се наоѓа претпоставката дека општеството својот врв на хармонично функционирање ќе го достигне кога секој негов дел ефикасно ќе ја извршува својата зададена функција, исто како што различните органи во човечкото телото поединечно придонесуваат за општо здравје и функционирање на човекот.

Корпоративизмот не се однесува на политичко уредување во кое доминираат големи претпријатија, иако во македонскиот јазик терминот „корпорација“ се употребува за големи претпријатија или акционерски друштва; термин кој се употребува за вакво теоретско уредување би бил корпоратократија. Исто така, корпоратизвимот не се однесува на владина корупција во политиката или употреба на поткуп од страна на корпоративни интересни групи. Поради сличното име и поради употребата на корпорациите како органи на државата, честопати се мешаат поимите корпоратократија и корпоративизам.

Корпоративизмот се развил во текот на 1850-тите како одговор на подемот на класичниот либерализам и марксизмот, бидејќи се залагале за соработка помеѓу класите наместо класен конфликт. Корпоративизмот станал еден од главните начела на фашизмот, а фашистичкиот режим на Бенито Мусолини во Италија се залагал државни функционери колективно да управуваат со економијата преку интегрирање на големи интересни групи под државна капа, што е комбинација на пријателски капитализам и државен капитализам; сепак, подемократскиот неокорпоративизам често го прифаќал трипартизмот.[4] [5]

Корпоративистичките идеи биле познати уште во античко време, и нивна интеграција во католичкото општествено учење и во демохристијанските политички партии. Таквите идеи биле имплементирани во различни општества со различни политички системи, како авторитаризам, апсолутизам, фашизам и либерализам.[1]

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. 1,0 1,1 Wiarda 1997.
  2. Clarke, Paul A. B; Foweraker, Joe (2001). Encyclopedia of democratic thought. London, UK; New York, US: Routledge. стр. 113.
  3. „The Economic System of Corporatism“. San José University Department of Economics. Архивирано од изворникот на 2020-07-12. Посетено на 2021-10-02.
  4. Slomp, Hans (2000). European politics into the twenty-first century: integration and division. Westport, Connecticut: Praeger Publishers. стр. 81.
  5. Wiarda, Howard J. (2016-06-24). Corporatism and Comparative Politics: The Other Great "Ism". New York: Routledge. doi:10.4324/9781315481050. ISBN 978-1-315-48105-0.

Надворешни врски

уреди