Технолошко-технички факултет Велес
Виддржавен
Основан2008
ДеканВонр.проф.д-р Валентина Павлова
МестоВелес, Република Македонија
Припадност Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола
ttfv.uklo.edu.mk

Технолошко - технички факултет Велес е образовна и научно-истражувачка институција од областа на прехранбена технологија и биотехнологија  и Нутриционизмот. во рамките на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола.

Факултетот развива дејност во неколку области:

  • Додипломски студии (прв циклус академски студии)

- Прехранбена технологија и биотехнологија

- Нутриционизам

  • Последипломски студии (втор циклус на универзитетски студии, Решение на Одбор за акредитација бр. 02, 167/3 од 03.09.2009 год.)

- Нутриционизам - едногодишни

- Нутриционизам - двогодишни

- Управување со квалитет и безбедност на храна

  • Докторски студии

Одобрена е акредитација за студиската програма на трет цуклус универзитетски студии: Иновативни технологии за храна и нутриционизам.

Во склоп на оваа студиска програма постојат два модули:

- Модул 1: Храна и иновативни технологии и

- Модул 2: Храна и нутриционизам

Времетраење на студиите е три години, а ќе започне со реализација во учебната 2016/2017 година..

  • Научно-истражувачка работа

Историја

уреди

Технолошко - технички факултет Велес е нова единица на битолскиот Универзитет и е формирана во 2008 година. Факултетот од неговото основање врши високообразовна дејност - додипломски студии, како и научно-истражувачка и применувачка дејност од научните полиња на прехранбената технологија, биотехнологијата и нутриционизмот. Во 2009 год. отвора и последипломски студии, а во 2015 год. во тек е акредитација на докторски студии. Со отворањето на оваа високообразовна единица во составот на УКЛО се етаблира факултет кој е комплетно фокусиран на едукација на инженерски кадар.

Надворешни врски

уреди