Корисник:Dentedeleone/Theia (planet)
Теја е претпоставена планета од раниот Сончев Систем, која, според претпоставката за џиновски удар, се судрила со Земјата пред околу 4,5 милијарди години, при што исфрлениот материјал повторно се групирал и ја создал Месечината.[1]
Освен за објаснување за настанокот на земјиниот природен сателит, хипотезата за Теја може да даде одговор и зошто јадрото на Земјата е поголемо од она што би се очекувало за тело со толкава големина; јадрото и обвивката на Теја се измешале со Земјата.[2]
Според една верзија од хипотезата, Теја бил земјин тројанец со големина на Марс, со дијаметар од околу 6.102 км. Дополнителните докази објавени во 2019 година наведуваат дека Теја може да се формирала во надворешниот дел од Сончевиот Систем, наместо во неговиот внатрешен дел, и дека голем дел од водата на Земјата потекнува од Теја.[3]
Име
уредиТеја го добила името по титанката Теја, која во грчката митологија била мајка на Селена, божицата на Месечината,[4] што се совпаѓа со судирот на Теја со Земјата по кој се претпоставува дека настанала Месечината.[5]
Орбита
уредиСе смета дека Теја била во орбитата во конфигурацијата L4 или L5 што ја има системот Земја-Сонце, каде што се стремела да остане. Во таков случај, планетата би пораснала, веројатно до големина споредлива со Марс. Гравитациските растројувана од Венера евентуално би можеле да предизвикаат судирот со Земја.
Судир
уредиСпоред хипотезата за џиновски удар, Теја орбитирала околу Сонцето, речиси по орбитата на прото-Земјата, останувајќи во близина на една од двете постабилни Лагранжови точки од системот Сонце-Земја (т.е. или L4 или L5).[6] На крајот Теја била растроена од гравитациското влијание на Јупитер и/или Венера, по што следело судир на Теја со Земјата.[се бара извор]
Преку компјутерските симулации се заклучило дека Теја патувала со брзина не поголема од 4 km/s кога се судрила со Земјата под проценет агол од 45 степени.
Прво се претпоставувало дека сударот на Теја со Земјата бил страничен (би се промашиле за малку), со што се исфрлиле многу парчиња и од Протоземјата и од Теја, а тие парчиња или формирале едно тело од кое настанала Месечината или се создале две месечини кои потоа се споиле во Месечината.[7] Со овие извештаи се претпоставуваа дека ако Теја удрила директно во Протоземјата и двете планети би биле уништена, при што би се создал краткотраен втор астероиден појас помеѓу орбитите на Венера и Марс.
Сепак, доказите објавени во јануари 2016 година укажуваат дека ударот бил директен судир и дека остатоци од Теја можат да се најдат и на Земјата и на Месечината.[8][9]
Претпоставки
уредиОд почетокот на модерната астрономија, постојат најмалку четири претпоставки за настанувањето на Месечината:
- Едно тело се поделило на Земја и Месечина
- Месечината била заробена од Земјината гравитација (исто како што биле заробени поголем дел од помалите месечини на надворешните планети)
- Земјата и Месечината се формирале во исто време кога протопланетарниот диск почнал да се насобира
- Погоре опишаниот судар со Теја.
Примероците од месечеви карпи кои ги донесле астронаутите на Аполо, по состав се многу слични во составот на земјината кора и затоа веројатно биле откинати од Земјата во некој судар.[10][11][12]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Wolpert, Stuart (2017-01-12). „UCLA study shows the moon is older than previously thought“. scitechdaily.com. Посетено на 14 January 2017.
- ↑ "A New Model for the Origin of the Moon". SETI Institute.
- ↑ Budde, Gerrit; Burkhardt, Christoph; Kleine, Thorsten (2019-05-20). „Molybdenum isotopic evidence for the late accretion of outer Solar System material to Earth“. Nature Astronomy (англиски). 3 (8): 736–741. Bibcode:2019NatAs...3..736B. doi:10.1038/s41550-019-0779-y. ISSN 2397-3366.
- ↑ Murdin, Paul (2016). Rock Legends: The Asteroids and Their Discoverers. Springer. стр. 178. doi:10.1007/978-3-319-31836-3. ISBN 9783319318363.
- ↑ „Selene | Origin and meaning of selene by Online Etymology Dictionary“.
- ↑ „STEREO Hunts for Remains of an Ancient Planet near Earth - NASA Science“. web.archive.org. 2013-11-13. Посетено на 2021-11-20.
- ↑ "Faceoff! The Moon's oddly different sides", Astronomy, August 2014, 44–49.
- ↑ Young, E. D.; Kohl, I. E.; Warren, P. H.; Rubie, D. C.; Jacobson, S. A.; Morbidelli, A. (28 January 2016). „Oxygen isotopic evidence for vigorous mixing during the Moon-forming giant impact“. Science. 351 (6272): 493–496. arXiv:1603.04536. Bibcode:2016Sci...351..493Y. doi:10.1126/science.aad0525. PMID 26823426.
- ↑ Wolpert, Stuart (January 28, 2016). „Moon was produced by a head-on collision between Earth and a forming planet“. UCLA newsroom. UCLA.
- ↑ Nace, Trevor. „New Evidence For 4.5 Billion Year Old Impact That Formed Our Moon“. Forbes (англиски). Посетено на 2021-11-20.
- ↑ Meier, M. M. M.; Reufer, A.; Wieler, R. (2014-11-01). „On the origin and composition of Theia: Constraints from new models of the Giant Impact“. Icarus (англиски). 242: 316–328. doi:10.1016/j.icarus.2014.08.003. ISSN 0019-1035.
- ↑ Herwartz, Daniel; Pack, Andreas; Friedrichs, Bjarne; Bischoff, Addi (2014-06-06). „Identification of the giant impactor Theia in lunar rocks“. Science. 344 (6188): 1146–1150. doi:10.1126/science.1251117.
[[Категорија:Вода]] [[Категорија:Можни џуџести планети]] [[Категорија:Претпоставени планети]] [[Категорија:Претпоставени тела во Сончевиот Систем]]