Мала Темна Дамка
Малата Темна Дамка, понекогаш викана и Темна Дамка 2 или Окото на Волшебникот, била вонземска бура на планетата Нептун.[1][2] Таа била втора по големина јужна циклонска бура на Нептун во 1989 година, кога Војаџер 2 прелетал покрај планетата. Кога вселенскиот телескоп Хабл го набљудувал Нептун во 1994 година, бурата ја немало.[3]
Историја на набљудување
уредиМалата Темна Дамка била откриена во 1989 година од вселенското летало Војаџер 2 заедно со Големата Темна Дамка и Скутер (светол облак со голема брзина сместен помеѓу двете џиновски бури). Малата Темна Дамка била пронајдена на јужна географска ширина од 54° додека ротирала на исток околу Нептун за време од 16,1 часа.[4] За разлика од Големата Темна Дамка (кај која е измерена една од најголемите брзини на ветар во Сончевиот Систем), не биле земени податоци за брзината на ветарот кај Малата Темна Дамка.[5] Околу рабовите на дамката, исто така за разлика од Големата Темна Дамка, не биле забележани бели „придружни облаци“.Кога во 1994 година НАСА го насочила вселенскиот телескоп Хабл кон Нептун, двете џиновски дамки веќе ги немало.[3]
Физички одлики
уредиПрекарот „Окото на Волшебникот“ кое го добила оваа бура потекнува од нејзиниот карактеристичен изглед на „око“.[6] Општо земено, Малата Темна Дамка е значително помала, но во ист ранг на магнитуда како и Големата Темна Дамка и ротира околу 30° појужно и за време од околу 2 часа пократко од поголемата бура.[4]
Темниот овал во оваа бура што всушност ѝ го дава специфичниот облик на око, бил создаден од вител кој ротирал во насока на стрелките на часовникот и кој ја вшмукувал атмосферата навнатре кон центарот на планетата.[5] Ова дејство на повлекување на атмосферата надолу создало дупка во горниот дел од метанскиот облак на Нептун а на бурата ѝ дал темно сина нијанса.[7] Исто така, темниот регион на бурата имало остри линии кои веројатно укажуваат на исклучително силни ветрови, и покрај тоа што не биле направени мерења за брзината на ветрот.[5]
Светлиот централен регион што ја претставува зеницата на бурата во форма на око била составена од бели облаци од замрзнат метан што се издигале од средиштето на бурата.[6] Во метежот кај овие средишни облаци имало и некои покрупни структури, како воочливиот облик на римскиот број пет (V) кој се наоѓал на источната страна на бурата, што укажува дека бурата ротира во насока на стрелките на часовникот (како што и се верувало).[5] Овие облаци се составени од истиот замрзнат метан кој е составен елемент на слични облаци наречени „придружни облаци“ присутни во близина на рабовите на другите големи бури на планетата; но, кај Малата Темна Дамка не биле забележани вакви придружни облаци при нејзиното набљудување во 1989 година. Исто така, во 1994 на местото на кое претходно се наоѓала Малата Темна Дамка не биле забележани придружни облаци.
Исчезнување
уредиПо набљудувањето на Нептун од страна на Војаџер 2 во 1989 година, тој не бил повторно набљудуван со висока резолуција сѐ додека вселенскиот телескоп Хабл не го свртел погледот кон него во 1994 година. Тогаш се забележало дека двете големи бури исчезнале. Бурата што го предизвикало создавањето на Големата Темна Дамка; сепак, можно е се спуштила на пониска висинска кота што се потврдува со присуството на придружни облаци на местото на кое се наоѓала бурата.[8] Малата Темна Дамка немала придружни облаци со кои би можело да се процени бурата што ја предизвикала дамката сѐ уште постои. Се претпоставува дека бурите на Нептун слабеат и ги снемува откако ќе се приближат до екваторот каде што планетата има млазни потоци со брзина од 400 метри во секунда, оваа бура (како и другите) можело да престане да постои и поради други сѐ уште необјаснети фактори во атмосферата на Нептун.[6]
Поврзано
уредиДополнително читање
уреди- Xiaolong Deng; Raymond LeBeau, Jr. (June 15, 2012). „Comparative CFD Simulations of the Dark Spots of Uranus and Neptune“. American Institute of Aeronautics and Astronautics. doi:10.2514/6.2007-4119. Наводот journal бара
|journal=
(help) - Ingersoll, Andrew P.; Barnet, Christopher D.; Beebe, Reta F.; Flasar, F. Michael; Hinson, David P.; Limaye, Sanjay S.; Sromovsky, Lawrence A.; Suomi, Verner E. „Dynamic Meteorology of Neptune“. Neptune and Triton. Tucson: University of Arizona Press. стр. 613–682. ISBN 9780816515257.
- Andrew I. Hsu; и др. (March 25, 2019). „Lifetimes and Occurrence Rates of Dark Vortices on Neptune from 25 Years of Hubble Space Telescope Images“. The Astronomical Journal.
Наводи
уреди- ↑ „Historic Hurricanes“. Solar System Exploration. NASA. Архивирано од изворникот на June 14, 2011. Посетено на August 9, 2012.
- ↑ „Small Dark Spot“. NASA. Посетено на August 9, 2012.
- ↑ 3,0 3,1 Немиров, Р.; Бонел, Џ., уред. (5 декември). „Dark Spots on Neptune“. Астрономска слика на денот. НАСА. Посетено на 9 август 2012. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) (англиски) - ↑ 4,0 4,1 „PIA00046: Neptune Full Disk“. Jet Propulsion Laboratory Photojournal. January 29, 1996. Посетено на April 23, 2020.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 „Neptune's Small Dark Spot (D2)“. www.jpl.nasa.gov. Посетено на 2020-04-23.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 „NASA's Cosmos“. ase.tufts.edu. Посетено на 2020-04-23.
- ↑ Suomi, V. E.; Limaye, S. S.; Johnson, D. R. (1991-02-22). „High Winds of Neptune: A Possible Mechanism“. Science (англиски). 251 (4996): 929–932. Bibcode:1991Sci...251..929S. doi:10.1126/science.251.4996.929. ISSN 0036-8075. PMID 17847386.
- ↑ Sromovsky, L. A.; Fry, P. M.; Dowling, T. E.; Baines, K. H. (October 1, 2000). „The unusual dynamics of new dark spots on Neptune“. DPS (англиски). 32: 09.03. Bibcode:2000DPS....32.0903S.