Вонземски вител е вител што се јавува на планети и природни сателити, вон Земјата, кои имаат доволно атмосфера за тоа. Повеќето набљудувани вонземски витли се забележани како големи циклони или антициклони. Сепак, познато е дека повремените песочни бури создаваат витли на Марс и на Титан.[1] Мисиите на вселенските летала забележале докази за минати и сегашни вонземски витли. Најголемите вонземски витли се наоѓаат на гасовитите џинови Јупитер и Сатурн и ледените џинови Уран и Нептун.

Меркур

уреди

Поради својата ретка атмосфера на Меркур нема бури или други атмосферски феномени како облаци, ветрови или дожд.[2] Невообичаено е што Меркур има магнетни „торнада“ кои биле забележани од забележани од НАСА за време на прелетувањето на Меркур Месинџер во 2008 година. Торнадата се извиткани снопови на магнетни полиња кои го поврзуваат магнетното поле на Меркур со вселената.[3]

Венера

уреди

Венус Експрес во 2006 година при едно од прелетувањата на планетата забележала два големи витли кои ја изобличуваат формата на половите на Венера (поларни витли). Јужниот пол имал голем, непрестајно променлив вител со две очи, кој бил забележан преку инфрацрвени мерења со висока резолуција од инструментот VIRTIS на Венус Експрес. Причината за вителот со две очи е непозната, но поларните витли се предизвикани од атмосферската циркулација на Хедлиевата клетка во долната атмосфера. Невообичаено е тоа што, двата витела на јужниот пол никогаш не се порамнуваат и се наоѓаат на малку поразлични висински коти. Циклонската бура на јужниот пол е приближно голема колку Европа. Покрај тоа, јужнополарниот вител постојано ја менува формата, но причината сè уште е непозната.[4]

Во 1979 година, НАСА забележала двоен вител предизвикан од циклон на северниот пол. Но, оваа појава потоа не била набљудувања одблиску.[5]

Бидејќи поголемиот дел од водата на планетата заминала во вселената, на Венера нема дождови како на Земјата. Но, има докази за молњи на Венера што е потврдено со податоците од Венус Експрес. Молњите на Венера се разликуваат од молњите на сите други планети бидејќи се поврзани со облаци од сулфурна киселина наместо со облаци од вода. Магнетометарот на Венус Експрес открил електрични празнења кога леталото орбитирало блиску до горната атмосфера на Венера. Повеќето бури се формираат високо во атмосферата на околу 40 км од површината и сите врнежи испаруваат околу 32 км над површината.[6][7]

Марс

уреди
 
Две слики од 2001 година од камерата на орбитерот на Марс - пред и за време на глобална песочна бура.
 
Циклон на Марс, снимен од вселенскиот телескоп Хабл

Најчести атмосферски настани на Марс се песочните бури кои понекогаш може да кренат доволно прашина за да се видат од Земјата. Големите песочни бури ги има секоја година на Марс, но поретки се глобалните песочни бури кои ги има на Марс во просек на секои 6 Земјини години. НАСА ги набљудувала глобалните песочни бури во 1971, 1977, 1982, 1994, 2001, 2007 и 2018 година. Овие масивни песочни бури предизвикуваат проблеми за роверите и вселенските летала кои работат на сончева енергија, ветровите на Марс достигнуваат 100 км на час, што значи дека се за повеќе од двојно послаби од ураганските ветрови на Земјата, кои што не можат да ја уништат механичката опрема.[8][9]

Иако Марс е најпознат по своите ппериодични песочни бури, на него исто така има бури налик на циклони и поларни витли слични на Земјата.

На 27 април 1999 година, редок циклон со пречник од 1,800 км бил откриен од вселенскиот телескоп Хабл во северниот поларен регион на Марс. Бил составен од три појаси од облаци обвиткани околу масивно око со пречник од 320 км и имал слични својства на бурите кои биле откриени на половите на Земјата (види: поларна депресија). Траел многу кратко и се чинело дека се распаѓа кога бил сликан шест часа подоцна; а не бил забележан на подоцнежните снимки.[10] Неколку други циклони биле снимени во приближно истата област: циклонот од 2 март 2001 година, циклонот од 19 јануари 2003 година и циклонот од 27 ноември 2004 година.[11]

Освен тоа, вселенското летало Марс Одисеја на НАСА од 2001 година забележало ладен поларен вител со мала густина во атмосферата на планетата над 70 степени северна географска ширина. НАСА утврдила дека секоја зима се формира поларен вител над северниот пол над атмосферата. Вителот и атмосферата се одвоени со преодна зона во која силни ветрови го опкружуваат полот.[12] Стабилноста на овие прстенести поларни витли сè уште е предмет на истражување бидејќи научниците веруваат дека марсовската прашина може да игра улога во нивното формирање.[13]

Јупитер

уреди
 
Големата црвена дамка, со Овална БА на југ
 
Јупитеровите витли на јужниот пол, снимени од вселенското летало Јунона

Во атмосферата на Јупитер има стотици витли кои најверојатно се циклони или антициклони, слични на оние на Земјата. Војаџер и Касини откриле дека, за разлика од атмосферата на Земјата, 90% од Јупитеровите витли се антициклони, што значи дека ротираат во спротивна насока од ротацијата на планетата.[14] Многу циклони се појавиле и исчезнале со текот на годините, а некои дури се споиле и формирале поголеми циклони.

Кога вселенското летало на НАСА, Јунона пристигнала на Јупитер во 2016 година, забележала огромни циклони околу северниот и јужниот пол на планетата. Девет големи циклони биле забележани околу северниот пол и 6 околу јужниот пол. По понатамошното прелетување, Јунона забележала друг циклон на јужниот пол и забележал дека 6 од 7-те циклони се распоредиле во шестаголник околу циклонот во центарот на јужниот пол. Податоците од Јунона покажале дека ваквиот систем на бура е стабилен и нема навестување дека витлите се обидуваат да се спојат.[15]

Големата црвена дамка на Јупитер е убедливо најголемиот познат вонземски антициклон (или циклон). Големата црвена дамка се наоѓа на јужната полутопка и има брзина на ветер поголема од оние измерени на Земјата. Новите податоци од Јунона откриле дека бурата продира околу 320 км во атмосферата на Јупитер. Оваа бура се следи од 1830 година, но веројатно е стара повеќе од 350 години. Пред повеќе од 100 години, Големата црвена дамка била широка повеќе од две Земјини пречници, но оттогаш се намалува. Кога Војаџер 1 и 2 прелетале во 1979 година, тие измериле дека масивниот циклон е двојно поголем од пречникот на Земјата. Мерењата од денешните телескопи измериле широчина од 1,3 Земјини пречници.[16]

Овална БА (или Црвена дамка јуниор) е втората по големина бура на Јупитер и настанала по спојувањето на 3 помали циклони во 2000 година. Се наоѓа веднаш на југ од Големата црвена дамка и расте во големина во последниве години, полека изедначувајќи ја белата боја.[17]

Големата темна дамка е забележана во близина на северниот пол на Јупитер во 2000 година од вселенското летало Касини-Хајгенс. Тоа било краткотраен темен облак кој пораснал колку Големата црвена дамка пред исчезнувањето по 11 недели. Научниците шпекулираат дека феноменот е пропратен ефект на силната поларна светлина на Јупитер.[18]

Сатурн

уреди
 
Големата бела дамка на Сатурн, снимена од вселенското летало Касини во 2011 година
 
Слика на Змејската бура, снимена од Касини

Секоја Сатурнова година (околу 28 Земјини години), на Сатурн има огромни бури кои кружат околу планетите, наречени Големи бели дамки. Големите бели дамки се краткотрајни, но можат да влијаат на атмосферата и температурата на планетата до 3 Земјини години по нивното исчезнување. Дамките се широки неколку илјади километри, па дури и да ги стигнат сопствените опашки и да избледат откако ќе ја обиколат планетата.[19]

Повеќето бури на Сатурн се случуваат во зона на јужната полутопка од научниците наречена „алеја на бурите“ поради изобилството на бури. Алејата на бурите се наоѓа на 35 степени јужно од екваторот и сè уште не е познато зошто толку многу бури што се формираат овде.[20] Има и долговечна бура позната како Змејска бура, која повремено пламнува на јужните географски широчини на Сатурн. Касини во повеќе наврати открил повремени радио емисии од бурата, слични на кратките изливи на статика што се создаваат од молњите на Земјата.[21]

На 11 октомври 2006 година, вселенското летало Касини-Хајгенс направил снимки од бура со добро дефиниран посебен очен ѕид над јужниот пол на Сатурн .[22] Била широка 8000 км, а бурите во очниот ѕид достигнувале висина од 70 км. Брзината на ветрот била 550 км на час и се чинело дека е статична над јужниот пол на Сатурн.[23]

Сатурн го држи рекордот за најдолга континуирана бура со грмотевици во Сончевиот Систем. Бурата што ја забележал Касини во 2009 година траела повеќе од 8 месеци. Инструментите на Касини откриле моќни радио бранови кои доаѓаат од молњите во атмосферата на Сатурн. Овие радио бранови биле околу 10.000 пати посилни од оние што ги емитираат молњите на земјата.[24]

Шестаголниот циклон на северниот пол од Сатурн е забележан уште од минувањето на Војаџер 1 и 2 , а Касини го снимил за првпат на 3 јануари 2009 година.[25] Пречникот му е малку помал од 24,000 км, со длабочина од околу 100 км, и го заокружува северниот пол на прстенестата планета на приближно 78° N географска ширина.[26]

Титан

уреди
 
Јужнополарниот вител на Титан

Титан е многу сличен на Земјата и е единственото познато планетарно тело со значителна атмосфера и стабилни тела на површинска течност што сè уште постојат. Титан има бури слични на Земјата, но наместо вода течноста на Титан е од метан и етан.[27]

Податоците од Касини открија дека на Титан има песочни бури слични на оние на Земјата и Марс.[28] Кога Титан е во рамноденица, силните надолни ветрови подигнуваат микронски честички од песочните дини и создаваат песочни бури. Песочните бури се релативно кратки, но создаваат интензивни инфрацрвени светли точки во атмосферата, и така Касини ги забележал.[29]

Касини направил слика од јужнополарниот вител на Титан во јуни 2012 година. Откриено е дека Титан има и северен поларен вител со слични одлики како и јужнополарниот вител. Научниците подоцна откриле дека овие витли се формирале во текот на зимата, што значи дека биле сезонски, слични на поларните витли на Земјата.[30]

Јужнополарниот вител повторно бил снимен во 2013 година и било утврдено дека вителот се формирал повисоко во атмосферата отколку што претходно се мислело. Магливата атмосфера што ја има Титан ја остава месечината неосветлена од сончевите зраци, но сликата на вителот покажала светла точка на јужниот пол. Научниците дошле до заклучок дека вителот е високо во атмосферата, веројатно над маглата, бидејќи сè уште може да биде осветлен од Сонцето.[31]

Уран

уреди
 
За прв пат забележаната Голема темна точка на Уран, снимена од вселенскиот телескоп Хабл

Долго време се сметало дека Уран е атмосферски статичен затоа што не биле забележани бури, но во последниве години астрономите почнале да забележуваат зголемена активност на бурите на планетата. Сепак, податоците за Уран се сè уште ограничени, бидејќи е многу оддалечен од Земјата и е тешко редовно да се набљудува.

Во 2018 година, вселенскиот телескоп Хабл направил слика на Уран на која имало голема, светла поларна капа над северниот пол. Се смета дека бурата е долговечна и научниците теоретизираат дека настанала од сезонските промени во атмосферскиот тек.[32]

Во 2006 година, вселенскиот телескоп Хабл ја снимил Темната дамка на Уран. Научниците пронашле сличности помеѓу Темната дамка на Уран и Големите темни дамки на Нептун, иако дамката на Уран била многу помала. Се сметало дека Нептуновите дамки се антициклонски витли во атмосферата на Нептун, а Урановата дамка се претпоставува дека е од слична природа.[33]

Во 1998 година, Хабл направил инфрацрвени снимки од повеќе бури кои беснееле на Уран поради сезонските промени.[34]

Нептун

уреди
 
Голема темна точка
 
Мала темна точка

Големата темна дамка била вител со големина на Земјата, забележан од Војаџер 2 на јужната полутопка на Нептун во 1989 година.[35] Брзината на ветер регистриран во бурата е најбрз регистриран ветар во Сончевиот Систем со приближно 2,400 km/h и ротира околу планетата на секои 18,3 часа.[36] Кога вселенскиот телескоп Хабл го свртел погледот кон Нептун во 1994 година, тоа место исчезнало; но невремето што ја предизвикало дамката можеби продолжило пониско во атмосферата.[37]

Малата темна дамка (понекогаш наречена Голема темна дамка 2 или Окото на волшебникот) бил уште еден вител забележан од Војаџер 2 при прелетот над Нептун во 1989 година. Ова место се наоѓа 30° појужно на планетата и транзитира околу планетата на секои 16,1 часа.[36] Карактеристичниот изглед на Малата темна точка е поради белите облаци од замрзнат метан кои се издигнуваат низ центарот на бурата и ѝ даваат форма на око.[38] Оваа бура, исто така, била исчезната кога вселенскиот телескоп Хабл ја прегледал планетата во 1994 година.

Уште 4 други темни дамки биле забележани на Нептун по откривањето на првите две. Малата бура која се формирала на јужната полутопка во 2015 година била следена од Ејми Сајмон и нејзиниот тим во НАСА Годард, од нејзиното создавање до нејзиниот крај. Додека ја следеле оваа мала бура, тимот успеал да открие појава на џиновска дамка со големина на Големата темна дамка на 23° северно од екваторот во 2018 година.[37] Овој тим укажал на важноста на „придружните облаци“ во идентификувањето на бурите што ги предизвикуваат овие дамки дури и додека немало темна дамка.[39] Овој тим, исто така, заклучил дека бурите веројатно просечно траат 2 години, а можен да траат и до 6 години, а во иднина ќе се обиде да ги проучува обликот и брзината на темните дамки.[37]

Наводи

уреди
  1. „Dust Storms on Titan Spotted for the First Time“. NASA Solar System Exploration. Посетено на 2020-04-24.
  2. „Mercury“. NASA Solar System Exploration. Посетено на 2020-04-24.
  3. Barnett, Amanda. „10+ Things: Tour of Storms Across the Solar System“. NASA Solar System Exploration. Посетено на 2020-04-24.
  4. „Double vortex at Venus South Pole unveiled!“. www.esa.int (англиски). Посетено на 2020-04-24.
  5. „The puzzling 'eye of a hurricane' on Venus“. www.esa.int (англиски). Посетено на 2020-04-24.
  6. „NASA - NASA Scientist Confirms Light Show on Venus“. www.nasa.gov (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-05-04. Посетено на 2020-04-24.
  7. „ESA Science & Technology - Major Discoveries by Venus Express: 2006-2014“. sci.esa.int. Посетено на 2020-04-24.
  8. Hille, Karl (2015-09-18). „The Fact and Fiction of Martian Dust Storms“. NASA. Посетено на 2020-04-28.
  9. Davis, Phil. „10 Things: Massive Dust Storm on Mars“. NASA Solar System Exploration. Посетено на 2020-04-28.
  10. „Hubble Views Colossal Polar Cyclone on Mars“. www.jpl.nasa.gov. Посетено на 2020-04-28.
  11. Cantor, Bruce; Malin, Michael; Edgett, Kenneth S. (2002). „Multiyear Mars Orbiter Camera (MOC) observations of repeated Martian weather phenomena during the northern summer season“. Journal of Geophysical Research: Planets (англиски). 107 (E3): 3–1–3–8. Bibcode:2002JGRE..107.5014C. doi:10.1029/2001JE001588. ISSN 2156-2202.
  12. „Mars Exploration: Features“. mars.nasa.gov. Посетено на 2020-04-28.
  13. Mitchell, D M; Montabone, L; Thomson, S; Read, P L (January 2015). „Polar vortices on Earth and Mars: A comparative study of the climatology and variability from reanalyses“. Quarterly Journal of the Royal Meteorological Society. 141 (687): 550–562. Bibcode:2015QJRMS.141..550M. doi:10.1002/qj.2376. ISSN 0035-9009. PMC 4540153. PMID 26300564.
  14. Vasavada, Ashwin R; Showman, Adam P (2005-07-11). „Jovian atmospheric dynamics: an update afterGalileoandCassini“. Reports on Progress in Physics. 68 (8): 1935–1996. Bibcode:2005RPPh...68.1935V. doi:10.1088/0034-4885/68/8/r06. ISSN 0034-4885.
  15. Greicius, Tony (2019-12-12). „NASA's Juno Navigators Enable Jupiter Cyclone Discovery“. NASA. Посетено на 2020-04-28.
  16. Greicius, Tony (2017-12-11). „NASA's Juno Probes the Depths of Jupiter's Great Red Spot“. NASA. Архивирано од изворникот на 2020-11-01. Посетено на 2020-04-28.
  17. Greicius, Tony (2019-01-17). „Juno's Latest Flyby of Jupiter Captures Two Massive Storms“. NASA. Посетено на 2020-04-28.
  18. Phillips, Tony (March 12, 2003). „The Great Dark Spot“. Science at NASA. Архивирано од изворникот на 15 June 2007. Посетено на 2007-06-20.
  19. „Saturn's greatest storm“. www.esa.int (англиски). Посетено на 2020-04-29.
  20. „In Depth | Saturn“. NASA Solar System Exploration. Посетено на 2020-04-29.
  21. „NASA - The Dragon Storm“. www.nasa.gov (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-04-17. Посетено на 2020-04-29.
  22. „APOD: 2006 November 13 - A Hurricane Over the South Pole of Saturn“. apod.nasa.gov. Посетено на 2020-04-29.
  23. „ESA Science & Technology - South Polar Storms on Saturn“. sci.esa.int. Посетено на 2020-04-29.
  24. „NASA - Lightning Strikes at Saturn“. www.nasa.gov (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-08-23. Посетено на 2020-04-29.
  25. PIA11682: Spring Reveals Saturn's Hexagon Jet Stream
  26. SPACE.com -- Bizarre Hexagon Spotted on Saturn
  27. „Dust Storms on Titan Spotted for the First Time“. NASA/JPL. Посетено на 2020-04-29.
  28. „Dust Storms on Titan Spotted for the First Time“. NASA Solar System Exploration. Посетено на 2020-04-29.
  29. Rodriguez, S.; Le Mouélic, S.; Barnes, J. W.; Kok, J. F.; Rafkin, S. C. R.; Lorenz, R. D.; Charnay, B.; Radebaugh, J.; Narteau, C. (2018-09-24). „Observational evidence for active dust storms on Titan at equinox“ (PDF). Nature Geoscience. 11 (10): 727–732. Bibcode:2018NatGe..11..727R. doi:10.1038/s41561-018-0233-2. ISSN 1752-0894.
  30. Teanby, N. A.; Sylvestre, M.; Sharkey, J.; Nixon, C. A.; Vinatier, S.; Irwin, P. G. J. (2019). „Seasonal Evolution of Titan's Stratosphere During the Cassini Mission“. Geophysical Research Letters (англиски). 46 (6): 3079–3089. Bibcode:2019GeoRL..46.3079T. doi:10.1029/2018GL081401. ISSN 1944-8007.
  31. PIA17139: Bright Vortex
  32. Garner, Rob (2019-02-07). „Hubble Reveals Dynamic Atmospheres of Uranus, Neptune“. NASA. Посетено на 2020-04-29.
  33. Hammel, H.B.; Sromovsky, L.A.; Fry, P.M.; Rages, K.; Showalter, M.; de Pater, I.; van Dam, M.A.; LeBeau, R.P.; Deng, X. (May 2009). „The Dark Spot in the atmosphere of Uranus in 2006: Discovery, description, and dynamical simulations“. Icarus. 201 (1): 257–271. Bibcode:2009Icar..201..257H. doi:10.1016/j.icarus.2008.08.019. ISSN 0019-1035.
  34. „Huge springtime storms hit the planet Uranus | Science Mission Directorate“. science.nasa.gov. Архивирано од изворникот на 2021-01-23. Посетено на 2020-04-29.
  35. „Ask an Astronomer“. Cool Cosmos. Посетено на 2020-04-25.
  36. 36,0 36,1 „PIA00046“. JPL Photojournal. January 29, 1996. Посетено на April 25, 2020.
  37. 37,0 37,1 37,2 Steigerwald, Bill (2019-03-14). „Hubble Tracks the Lifecycle of Giant Storms on Neptune“. NASA. Посетено на 2020-04-25.
  38. „NASA's Cosmos“. ase.tufts.edu. Посетено на 2020-04-25.
  39. Monday, Korey Haynes | Published; March 25; 2019. „Hubble catches Neptune forming new, massive storms“. Astronomy.com. Посетено на 2020-04-25.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)