Голема Бела Дамка
Големите Бели Дамки, (познати и како Големи бели овали), на Сатурн, наречени по аналогија на Големата Црвена Дамка на Јупитер, се периодични бури со карактеристичен бел изглед кои се доволно големи за да можат со телескоп да се видат од Земјата. Дамките можат да бидат широки и до неколку илјади километри.
Орбитерот Касини ја набљудувал бурата од 2010-11 година,[1] позната и како Северно Електростатичко Нарушување, која се појавила поради зголемувањето на радио и плазма пречките. Исто така оваа бура се нарекува и како Големата Пролетна Бура.[2]
Податоците од Касини укажале дека белите облаци губат огромни количини на ацетилен, се зголемува количината на фосфин и имало невообичаен пад на температурата во центарот на бурата.[3] Откако во 2012 година бурата која можела да се види од Земјата стивнала, од две жаришта кои се споиле, биле нагло испуштени топлина и етилен.[2][4]
Појавување
уредиФеноменот е донекаде периодичен и се јавува во интервали од 28,5 години, кога северната полутопка на Сатурн е најнавалена кон Сонцето. Ова е список од снимени здогледувања:
- 1876 година - Набљудувана од Асаф Хол. Тој ги искористил белите дамки за да го одреди вртежниот период на планетата.
- 1903 - Набљудувана од Едвард Барнард .
- 1933 - Набљудувана од Вил Хеј, комичар и астроном-аматер. До неодамна најпрочуеното набљудување.
- 1960 – Набљудувана од Џ.Х. Ботам (Јужна Африка).
- 1990 година - Набљудувана од Стјуарт Вилбер, од 24 септември до крајот на ноември.
- 1994 година – Проучувана од набљудувачи (телескопски) на Земјата и вселенскиот телескоп Хабл.[5]
- 2006 година – Набљудувана од Ерик Бонду и Жан-Лук Доверњ.
- 2010 – Првпат набљудувана од Ентони Весли,[6] фотографиран од вселенската сонда Касини 2010–11.[1]
Загадочно е зошто никој не ја забележал пред 1876 година, и на некој начин ова е слично со долгиот јаз од здогледувањата на Големата Црвена Дамка во 18 и почетокот на 19 век; Големата Бела Дамка (ГБД) во 1876 година била исклучително истакната, и била видлива од Земјата со телескопи со отвори од само 60 мм. Не се знае дали не се направени записи за здогледување претходно, или пак можеби во 1876 година за прв пат можела да се види една Голема Бела Дамка со телескоп. Некои астрономи не веруваат дека ниту едно од овие сценарија.[7]
Во 1992 година, Марк Киџер опиша три значајни модели на Големата Бела Дамка:
- Појавувањето на Големи Бели Дамки наизменично се менува во географската ширина, ако една појава е ограничена во Северната Умерена Зона (СУЗ) или повисоко, следната е ограничена на Екваторската зона (EZ). На пример, Големата Бела Дамка од 1960 година имала голема географска ширина, а Големата Бела Дамка од 1990 година била екваторска.
- Големата Бела Дамка со голема географска ширина се повторуваат на малку пократок рок од екваторските Големи Бели Дамки (~ 27 наспроти ~ 30 години).
- Големите Бели Дамки со голема географска ширина имаат тенденција да бидат многу помалку видливи за разлика од нивните екваторски колеги.
Врз основа на овие очигледни стандарди, во 1992 година Кидгер предвидел (погрешно, земајќи ја предвид бурата од 2010-11) дека следната Голема Бела Дамка ќе се појави во Северната Умерена Зона во 2016 година, и веројатно ќе биде помалку спектакуларна од Големата Бела Дамка од 1990 година.[8]
Одлики и причини
уредиГолемата Бела Дамка обично се појавува како дискретна „точка“, но веднаш потоа се шири во географска должина, каков што бил случајот со Големите Бели Дамки од 1933 и 1990 година; всушност, дамката од 1990 на крајот толку многу се издолжила така што ја заокружила планетата.[9]
Иако компјутерското моделирање на почетокот на 1990-тите наведувало дека овие масивни атмосферски навирања биле предизвикани од топлинска нестабилност,[10] во 2015 година двајца планетарни научници од Калтек подетално ги објасниле процесите.[11] Според нивната теорија, додека горната атмосфера на Сатурн се лади како резултат на годишните времиња, таа прво се проретчува затоа што водата која ја има во изобилство паѓа во пониските слоеви како врнеж, потоа густината опаѓа под минималната густина, и на крај станува погуста затоа што преостанатиот водород и хелиум во атмосферата продолжуваат да се ладат. Гасовите од горниот слој со мала густина тежнеат да ја истиснуваат конвекцијата, но горните слоеви со висока густина се нестабилни и предизвикуваат грмотевици кога ќе се пробијат во долните слоеви. Според оваа теорија бурите се појавуваат многу покасно од зимската краткодневица затоа што е потребно време за да се олади огромната атмосфера. Тимот навел дека на Јупитер нема слични бури бидејќи таму количеството на водена пареа во горниот дел од атмосферата е многу помало.
Прстените на Сатурн го попречуваат гледањето на северната полутопка од Земјата за време на зимската краткодневица, и затоа нема историски податоци за Големата Бела Дамка за време на „зимата“ на Сатурн,[12] но вселенската сонда Касини можела да ја набљудува целата планета откако пристигнала веднаш по зимската краткодневица во 2004 година.[13]
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Големата Бела Дамка сликана од ЕСА/Хабл
- Веб-страница Слики од северното електростатичко нарушување на Сатурн од Кристофер Го (2011)
Забелешки кон наводите
уреди- Статија за Северното Електростатичко Нарушување на Сатурн на „Небо и Телескоп“
- Слика од вселенскиот телескоп Хабл во 1990/1
- 2006: слика од бурата во 2006 направена од аматери во близина на Париз.
- Волонтерите ѝ помагаат на НАСА да го следи Враќањето на Змејот Архивирано на 4 март 2016 г.
- Киџер, Марк (1992). „Големата Бела Дамка на Сатурн од 1990 година“. Во Патрик, Мур (уред.). Годишник за Aстрономија - 1993. Њујорк: В.В. Нортон и Компани. стр. 176–215. ISBN 978-0-393-03454-7.978-0-393-03454-7
- Моше, Динах (1996). „Глава 9: Планети“. Астрономија: водич за самоучење (4-то. изд.). Џон Вајли и Синови. стр. 245. ISBN 978-0-471-53001-5.978-0-471-53001-5
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Cassini Helps Solve Saturn’s Mysterious Great White Spots | Space Exploration | Sci-News.com
- ↑ 2,0 2,1 https://www.wired.com/2012/10/saturn-largest-hottest-vortex/
- ↑ Krishnan, Shweta (May 20, 2011). „Dissecting Saturn's Big Storm“. Sky & Telescope.
- ↑ NASA: Rare, enormous gas storm detected on Saturn - CNN.com
- ↑ HubbleSite - NewsCenter - Hubble Observes A New Saturn Storm (12/21/1994) – Release Text
- ↑ „Vast Storm Rampages Across Saturn: Discovery News“. Архивирано од изворникот на 2011-09-03. Посетено на 2021-11-28.
- ↑ Kidger (1992) p. 179
- ↑ Kidger (1992) p. 180
- ↑ Kidger (1992) p. 187-189
- ↑ Kidger (1992) p. 211-212
- ↑ Explaining Saturn’s Great White Spots | Caltech
- ↑ Kidger (1992) p. 213-214
- ↑ Cassini Solstice Mission: Introduction archive