... особено староста, како и вечерта сака да се облекува во нова и чудесна моралност, и умее со вечерното руменило, самракот, со кратката или копнежлива тишина да го засрами денот... и така се случува стариот мислител привидно да се издигне над делото од сопствениот живот, а всушност тоа дело го упропастува со вмешувани восхитувања, слатки, зачини, поетска магла и митска светлина...-Ниче
... Земјата крена своја глава. Од мрак страшен и стушен. Светлината што одјава, Камена е нејзината страва! А локно и прекрива очај испустен... Скрши го овој тежок оков. Штом мои коски леди брза. Суета себична! пропаст вечна! Чиста љубов со ропство врза...-Вилијам Блејк
... Потоа вработија една млада Јапонка. Отсекогаш имав некоја чудна идеја дека, по сите маки и неволји, еден прекрасен ден ќе се појави некоја млада Јапонка и потоа среќно ќе живееме до крајот на животот. Не толку среќно колку безгрижно, со разбирање и заемна грижа. Јапонките имаат прекрасна градба на коските. Обликот на нивниот череп и кожата која се затегнува со годините е чисто совршенство. Кај Американките лицето станува се поразлабавено, за на крајот да се распадне. Дури и газовите им се распаѓаат и им стануваат непристојни. И моќта на тие две култури е многу различна - Јапонките инстиктивно ги сваќаат вчера, денес и утре. Наречето го тоа мудрост. И истрајни се. Американките знаат само за денес и често е доволно еден ден да тргне наопаку и целосно да ги исфрли од колосек-Чарлс Буковски
ДАЛЧО
... во Прекрасниот нов свет злото не толку видливо бидејќи никој не е повреден, всушност, тоа е свет во кој секој го добива она што го сака. И како што една личност кажува, "контролорите разбрале дека силата не е добра" и дека луѓето треба да се намамат отколку да се присилат да живеаат во едно друштвено уредување. Во таков свет, болеста и социјалните конфликти биле укинати, во него нема депресија, лудило, осаменост или емоцијални пореметувања, сексот е добар и е лесно достапен... По објавувањето на овој роман, имало можеби неколку милиони школки писмени задачи на темата - "Што не е во ред со сликата на овој свет?" Дадениот одговор... главно изгледал вака: луѓето во Прекрасниот нов свет можеби се здрави среќни, меѓутоа престанале да бидат човечки суштетсва. Тие повеќе не се борат, не тежнеат кон ништо, не сакаат, не чуствуваат болка ниту мораат да донесуваат тешки морални решенија, тие повеќе немаат семејство ниту прават нешто од ние нешта што се традиционално поврзани за човечноста. Тие луѓе ги немаат особините кој во нас го создаваат чуството за достоинство... повеќе не може да се зборува за човечката раса, бидејќи луѓето се израснати од контролори, делејќи ги на посебни класи: алфа, бета, ипсилон и гама, кој се одалечени едни од други како што човекот е одалечен од животните. Нивниот свет станал неприроден во најдлабоката можна смисла на зборот, бидејќи е променета нивната човекова природа...-Френсис Фукујама
My daddy was a bankrobber. But he never hurt nobody. He just loved to live that way. And he loved to steal your money. Some is rich, and some is poor. That's the way the world is. But I don't believe in lying back. Sayin' how bad your luck is. So we came to jazz it up. We never loved a shovel. Break your back to earn your pay. And don't forget to grovel... The old man spoke up in a bar. Said, "I never been in prison. A lifetime serving one machine. Is ten times worse than prison"... -Клаш
... Си станал мајстор! Честитам! Каде си го испекол толку? Во сенаториумот! Да, да... Па да! Во сенаториумот друго попаметно и нема што да се работи, речиси, таму деноноќно се игра шах! Да, да... Со шахот болниот најубаво се одмара. Некако се смирува, го забушува времето... некако тече! Да, да... се разбира... тече! Човекот се ослободува од многу мисли: Тоа е основното! Се поуспокојува душата, се сврзува со шахот... шахот е голем другар, пријател. Да, да... зар не постои надеж, бога му? Надеж? Да, да! Во една прилика, при отварањето на новата болница, слушнав многу оптимистичко мислење за таквите болести! Всушност, погледнато постручно тоа ти била ништо болеста! Па, во извесна смисла, тоа е вистина. Современата медицина успеа! Лекувањето е сега многу поефикасно, бројот на смртноста е неспоредливо намален. Општо, таа болест денес не е баук! Да, да... современата медицина, науката! Незгодата е во друго! Зависи како болеста ќе се сврзи со човекот! Како ќе те спотера! Тоа е непријатното и за човекот и за науката! Да, да... како тоа?! Ете, многумина наполно се излечуваат и стануваат уште поздрави! Никогаш да не поверуваш дека некогаш животот им висел на конец; биле вомбезнадежна положба, им немало спас! Но те сака ли болеста тогаш ќе си ја носиш со векови, понекогаш цел живот ќе те прати, како венчаната жена. А таква е нејзината природа, опака! Тоа тебе одамна ти се искомплицира, чинам? Веќе десет години, Образове! Десет години!? Се шегуваш! Десет, брате! Кој сум бил јас, бога му! Сум спиел, што? Десет години!Охо! Ти се чини сон! Вака-така, поминал! Јас уште сум имал среќа! Голем број другари до последниот час не ќе се одлепат од тоа место... таму минаа многу другари, многу години Образове! Десет години! Чудно!... Зошто бев испратен таму, Образове? Сакам да знам Образове! Зошто? По советот на лекарите, бога му! Јас не бев болен! Такво беше мислењето на конзилиумот! Поѓаволите! Биди другар, ме интересира вистината!... -Живко Чинго