Корисник:Bjankuloski06/Грбословни службеници на МГД


Грбот на Главниот хералд

Главен хералд е грбовен службеник на Македонско грбословно друштво

Опис уреди

Главен хералд е функција со позицијата на претседателот на Македонско грбословно друштво(МГД). Главниот хералд како грб на позиција го користи средниот грб на МГД, а како банер на позиција го користи банерот на МГД. [1]

Грб уреди

Главниот хералд го користи средниот грб на друштвото: на црвено, сребрен хипокамп, со канџи, јазик, грива и перка, сите златни. Над штитот круна на главен хералд на МГД. Зад штитот вкрстени две палки на главен хералд.

Службеници уреди

д-р Јован Јоновски

Наводи уреди

 
Грбот на вардарски хералд

Вардарски хералд е грбовен службеник на Македонско грбословно друштво

Опис уреди

Вардарски хералд е функција поврзана со позицијата на потпретседателот на Македонско грбословно друштво(МГД). Вардарскиот хералд има грб на позиција како и банер на позиција. [2]

Грб уреди

Хералд Вардарски: на црвено, шест брановидни ремена, сини, сребрен хипокамп, со канџи, јазик, грива и перка, сите златни. Над штитот хералдска круна. Зад штитот вкрстени две хералдски палки.

Службеници уреди

д-р Иван Нацевски

Наводи уреди

 
Грбот на Еригонски хералд

Еригонски хералд е грбовен службеник на Македонско грбословно друштво

Опис уреди

Еригонски хералд е функција поврзана со позицијата на секретарот на Македонско грбословно друштво (МГД). Еригонскиот хералд има грб на позиција како и банер на позиција. [3]

Грб уреди

Хералд Еригонски: на пурпурно, винова лоза со плод, сето златно, во основа два брановидни ремена, сребрени. Над штитот хералдска круна. Зад штитот вкрстени две хералдски палки.

Службеници уреди

д-р Павле Арсоски

Наводи уреди

 
Грбот на Персевант брегалнички

Персевант Брегалнички е грбовен службеник на Македонско грбословно друштво

Опис уреди

Персевант Брегалнички е функција на Македонско грбословно друштво(МГД). Персевантот Брегалнички има грб на позиција како и банер на позиција. [4]

Грб уреди

Персевант Бегалнички: сино, на брег тврдина со три кули, сето сребрено, во основа два брановиднни ремени, сини. Над секоја кула по една осумкрака ѕвезда, златна. Над штитот персевантска круна. Зад штитот вкрстени две персевантски палки.

Службеници уреди

Слободна позиција

Наводи уреди

 
Грб на Персевант пчински

Персевант Пчински е грбовен службеник на Македонско грбословно друштво

Опис уреди

Персевант Пчински е функција на Македонско грбословно друштво(МГД). Персевантот Пчински има грб на позиција како и банер на позиција. [5]

Грб уреди

Персевант Пчински: расечен на сино и црвено, два брановидни ремена, обратно обоени, врз сè искорнато дабово дрво, сребрено. Над штитот персевантска круна. Зад штитот вкрстени две персевантски палки.

Службеници уреди

Слободна позиција

Наводи уреди

  1. https://heraldika.org.mk/about-us/members/
  2. https://heraldika.org.mk/about-us/members/
  3. https://heraldika.org.mk/about-us/members/
  4. https://heraldika.org.mk/about-us/members/
  5. https://heraldika.org.mk/about-us/members/