Жани Котески
е роден 24.08.1965 год. во Прилеп, живее во Битола
~ Основно и средно образование завршува во Битола а студии завршува во Охрид на Факултетот за Туризам и Угостителство, Октомври 1989 година при што се стекнува со стручниот назив "Дипломиран економист по туризам и угостителство".
Во својата работна кариера, работи повеќе професии и занимања во областа на економијата но и во областа на музиката.
Како професионален пејач се појавува на Македонската музичка сцена 1993 година. Настапува на многубројни концерти и манифестации ширум Македонија и во тие години, е константно присутен во многубројни македонски медиуми. Во 1996 година, настапува на Фестивалот "Тримери 96", а својот прв и единствен албум го издава 1997 година, во издание на Музичката и касетна продукција на МРТ. (Македонска Радио и Телевизија)
Жани Котески | |
---|---|
Роден(а) | Прилеп, СФР Југославија |
Потекло | Македонија |
Жанрови | фолк, народна, македонска музика |
Занимања | пејач, економист, професионален возач |
Инструменти | вокал |
Период на активност | 1993 – 1998 |
П Е С Н И:
- ПОМОГНИ МИ МИЛИ БОЖЕ
- ДАЈ МИ МОМЕ ОД ВИНОТО '(Фестивал Тримери '96)
- ЛИЉАНА
- КАЖИ МАЈКО ТИ
- СУДБАТА ШТО МИ ДАРУВА
- СИМОНА
- ТИ СИ МИ СЕ
- ДАЈ МИ БОЖЕ СИЛА НЕБЕСНА