Жани Котески
Жани Котески (р. 24 август 1965 во Прилеп) — македонски пејач.
Жани Котески | |
---|---|
Животописни податоци | |
Роден(а) | 24 август 1965 Прилеп, СР Македонија, СФРЈ |
Потекло | Македонија |
Жанрови | народна музика, поп-фолк музика |
Занимања | пејач |
Период на активност | 1993 - 1998 |
Животопис
уреди- Основно и средно образование завршува во Битола а студии завршува во Охрид на Факултетот за Туризам и Угостителство во Октомври 1989 година.
- Во својата работна кариера, работи повеќе професии и занимања во областа на економијата, додека во областа на музиката, работи интерпретација, музика и текст.
- Како изведувач на народни и фолк песни, се појавува на Македонската музичка сцена 1993 година. Настапува на многубројни концерти и манифестации низ Македонија. Во 1996 година, настапува на Фестивалот "Тримери 96", а својот прв и единствен албум го издава 1997 година, во издание на Музичката и касетна продукција на МРТ, при што овој албум односно издание на касета МП 21243 СТЕРЕО, според мислењето на СОКОМ - Сојуз на композиторите на Македонија, е ослободено од данок, а заради интересот на државата во негувањето на изворниот македонски мелос кој е зачуван во поголем број од песните.
- Неговата краткотрајна но плодна музичка кариера, завршува кон крајот на 1998 година.
Песни
уредиСпот | Година | Режисер |
---|---|---|
Лилјана | 1993 | Студио "Микс" |
Кажи мајко ти | 1994 | Студио "Микс" |
Симона | 1995 | Студио "Микс" |
Помогни ми мили боже | 1996 | Студио "Микс" |
Дај ми моме од виното | 1996 | МРТ продукција |
Ти си ми се | 1997 | Студио-Ванчо Милошевски |
Судбата што ми дарува | 1997 | Студио-Ванчо Милошевски |
Дај ми боже сила небесна | 1997 | Студио-Ванчо Милошевски |