Корибанти
Корибанти - свештеници на фригиската божица Кибела.
Митот за Кибела
уредиКибела била фригиска божица на плодноста, азиски пандан на египетската Изида. Најпознатиот мит поврзан со Кибела е оној каде таа се вљубила во момчето Атид, кој се одликувал со извонредна убавина. Меѓутоа, тој ја изневерил божицата и сакал да се ожени со една принцеза. Разлутената божица сакала да му се одмзади и се појавила на неговата свадба и сите гости ги зафатил пански страв така што полуделе. Атид избегал во шумата, полудел и се убил.
Во чест на Атид, самата Кибела го воспоставила празникот на жалоста за време на пролетниот еквиноциј. Тогаш, корибантите оделе во планините да го бараат Атид, а кога ќе го пронајделе, т.е. некоја слика која го претставувала него, се предавале на голема радост и играле, во придружба на разни инструменти, така што се вртеле во стилот на турските дервиши. Таквиот занос, кој лечел од лудило, го спомнува Аристофан во своите драми.[2]