Конструктивни елементи
Конструктивни елементи — основни елементи на конструктивниот систем се: носечки ѕидови, столбови, греди, меѓукатни конструкции, кровни конструкции.
Материјалите од кои се изведуват конструктивните елементи можат да бидат: дрво, челик, армиран бетон, преднапрегнат бетон.
Овие елементи заземаат различни положби во просторот. Со комбинација и поврзување на овие елементи се добиваат сложени носачи, чиј степен на сложеност зависи од врските во јазлите (зглобни, крути, делумно крути). Основни услови кои треба да ги задоволат конструктивните системи се: сигурност, намена, рамнотежа, стабилност, носивост, трајност, естетика.
Изборот на оптимален конструктивен систем не е едноставен и пред сè зависи од барањата на објектот и корисниците на истиот. Оптималната конструкција треба да биде стабилна, цврста, фунцкионална, економична и економски оправдана.
При проектирање и пресметка на конструктивните елементи и конструктивниот систем во целост потребно е да се задоволат стандардите за конструкции – Европски норми (еврокодови).
Европските норми опфаќаат неколку основни делови:
- Дејствување на конструкцијата и пресметка
- Пресметка на бетонските конструкции
- Челичните конструкции
- Дрвените конструкции
- Алуминиумските конструкции
- Геотехничките конструкции
- Пресметка на сеизмички отпорните конструкции