Константинов мост (Дунав)

Константиновиот мост (бугарски: Константинов мост; романски: Podul lui Constantin cel Mare) ― поранешен римски мост над Дунав кој бил користен за повторно освојување на Дакија. Тој бил завршен во 328 година од новата ера и останал во употреба четири децении.[3][4]

Константинов мост
Константиновиот мост на картата
Координати43°45′49″N 24°27′25″E / 43.76361° СГШ; 24.45694° ИГД / 43.76361; 24.45694
ПреминуваДунав
МестоПомеѓу Сукидава (денешна Корабија, Романија) и Оескус (денешен Гиген, Бугарија)
Особености
Вкуп. должина2,437 м
Ширина5.7 м
Висина10 м
Историја
Завршен328 година
Отворен5 јули 328 г.н.е.[1]
Затворенсредина на 4 век[2]
Местоположба
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found

Службено бил отворен на 5 јули 328 н.е. во присуство на императорот Константин Велики.[5] Со вкупна должина од 2,434, 1,137 од кои се протегал над коритото на Дунав,[6] Константиновиот мост се смета за најдолгиот антички речен мост и еден од најдолгите на сите времиња.[7]

Изградба

уреди

Тој бил градба со ѕидани столбови и дрвен своден мост и со дрвена надградба. Изграден бил помеѓу Сукидава (денешна Корабија, округ Олт, Романија) и Оескус (современ Гиген, област Плевен, Бугарија),[8][9] од Константин Велики.[10] Мостот очигледно бил користен до средината на IV век, главната причина за оваа претпоставка е дека Валенс морал да го помине Дунав користејќи мост од чамци кај Константијана Дафне за време на неговата кампања против Готите во 367 година.[11]

Додека Лујџи Фердинандо Марсиљи се обидел да го смести мостот во 17 век и Александру Поповичи и Цезар Болијак ја продолжиле оваа потрага во 19 век, првите вистински научни откритија ги извршиле Григоре Точилеску и Памфил Полоник во 1902 година. Во 1934 година Думитру Тудор го објавил првото целосно дело во врска со мостот, а последниот систематски пристап на северниот брег на Дунав бил изведен во 1968 година од Октавијан Торопу.

Технички податоци

уреди
 
Карта од 17 век - прикажан како Трајанов мост.

Должината на мостот беше 2,434 со дрвена палуба со ширина од 5.7 м на 10 м над водата.[4] Мостот имал два потпорни столбови на секој крај, кои служеле како порти за мостот.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Madgearu 2013, стр. 311.
  2. „Corabia | County: Olt | Site: Sucidava - Celei | Excavation Year: 2003 - Archaeological Excavations in Romania“. Cimec.ro. Архивирано од изворникот на 2011-06-08. Посетено на 28 ноември 2021.
  3. „NOTES“. Bvau.ro. Посетено на 28 ноември 2021.
  4. 4,0 4,1 Gherghe, P.; Amon, L. (2007). Noi date în legătură cu podul lui Constantin cel Mare de la Sucidava [New data in connection with the bridge of Constantine the Great from Sucidava]. Pontica. 40. minac.ro. стр. 359–369.
  5. Madgearu 2013.
  6. Both figures from: Tudor 1974; Galliazzo 1994
  7. Galliazzo 1994
  8. „CCA 2008“. www.cimec.ro.
  9. „Pamfil Polonic' Manuscripts“. Cimec.ro (романски). Посетено на 28 ноември 2021.
  10. Janberg, Nicolas (уред.). „Constantine's Bridge at Celei (Celei/Ghigi, 328)“. Structurae. Посетено на 28 ноември 2021.
  11. Kulikowski, Michael (2007). Rome's Gothic Wars. Cambridge University Press. стр. 116–117. ISBN 978-0-521-84633-2.

Библиографија

уреди
  • Madgearu, Alexandru (2013). Operaţiuni militare la nord de Dunăre comandate de Constantin cel Mare, în Cruce şi misiune [Military operations north of the Danube ordered by Constantine the Great, cross and mission.] (романски). Bucharest, Romania.
  • Galliazzo, Vittorio (1994), I ponti romani. Catalogo generale (италијански), 2, Treviso: Edizioni Canova, стр. 319f. (No. 645), ISBN 88-85066-66-6
  • Tudor, D. (1974), „Le pont de Constantin le Grand à Celei“, Les ponts romains du Bas-Danube, Bibliotheca Historica Romaniae Études (романски), 51, Bucharest: Editura Academiei Republicii Socialiste România, стр. 135–166

Надворешни врски

уреди