Конгресот на Сивас (турски: Sivas Kongresi) — конгрес на Турското национално движење кое било одржано од 4 до 11 септември 1919 година во градот Сивас[1], во централно-источна Турција. На конгресот присуствувале делегати од сите анадолски провинции на Отоманското Царство[2] кое вило нефункционално во практична смисла. Во времето на конвенцијата, државниот главен град (Цариград), како и многу провинциски градови и региони биле под окупација. Повикот за конгресот бил издаден од Мустафа Кемал Ататурк со неговиот Манифест од Амасија три месеци пред тоа, а подготвителните работи биле водени за време на конгресот во Ерзурум. Конгресот во Сивас донел голем број важни одлуки, кои биле фундаментално за да ја оформенат идната политика што ќе се спроведе во рамките на Турската војна за независност.

Истакнати националисти на Сивашкиот конгрес. Од лево кон десно: Музафер Килич, Рауф Орбај, Беќир Сами Кундух, Мустафа Кемал Ататурк, Рушен Ешреф Унајдин, Џемил Џахит Тојдемир, Џеват Абас Ѓурер.

Иако бил помал од Ерзурумскиот конгрес (со 38 делегати), делегатите дошле од поширока географска област отколку што бил случајот со конгресот од Ерзурум. Заедно со Ерзурумскиот Конгрес, Сивашкиот конгрес ги утврдил главните точки на Мисак-Мили (Национален пакт) што Турското национално движење ги направило со другите турски движења на отпорот против Сојузниците да работат заедно, имено султанската влада во Цариград[3]. Двете тела го потпишале Протоколот од Амасија следниот месец на 22 октомври 1919 година, повикувајќи на нови избори по што Отоманската пратеничка комора ќе ги разгледа договорите на конгресот на Сивас. Меѓутоа, откако стигнала веста до окупаторските сојузници во престолнината, тие го распуштиле парламентот, по што преостанатите средства на отоманската царска влада станале антагонистички против турското национално движење во Анкара.

Наводи

уреди
  1. Heper, Metin; Criss, Nur Bilge (21 January 2009). Historical Dictionary of Turkey. Scarecrow Press. стр. 277. ISBN 978-0-8108-6281-4.
  2. Fleet, Kate; Faroqhi, Suraiya; Kasaba, Reşat (2006). The Cambridge History of Turkey. Cambridge University Press. стр. 125. ISBN 978-0-521-62096-3.
  3. Hale, William (10 September 2012). Turkish Foreign Policy, 1774-2000. Routledge. стр. 33. ISBN 978-1-136-23802-4.