Комплекс Капитол (Чандигар)
Чандигарскиот комплекс Капитол ― владин комплекс дизајниран од архитектот Ле Корбизје[1], кој се наоѓа во секторот-1 во градо Чандигар во Индија, и е светско културно наследство на УНЕСКО.[2] Се простира на површина од околу 100 хектари и е главен приказ на архитектурата на Чандигар. Се состои од три згради: Палатата на Собранието или Законодавното собрание, зградата на Секретаријатот и Врховниот суд плус четири споменици (Споменикот „Отворена рака“, Геометриски рид, Кула на сенките и споменикот на мачениците) и езеро.[3][4][5][6][7] Тој бил додаден на списокот на светско наследство на УНЕСКО во 2016 година.
-
Високиот суд на Пенџаб и Харајана или Дворец на правдата
-
Дворец на Собранието
-
Влезна порта во Дворецот на Собранието
-
Споменикот „Отворена рака“
-
Кулата на сенките. Ле Корбизје го конструирал на таков начин што ниту еден сончев зрак не влегува во него од кој било агол. Северната страна на оваа кула останува отворена бидејќи сонцето никогаш не сјае од оваа насока. Ле Корбизје го користел истиот принцип и за другите згради на комплексот Капитол.
-
Геометриски рид
-
Вториот меѓународен ден на јогата во комплексот Капитол, 2016 година
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Дворец на Собранието во комплексот Капитол | |
Службен назив | Капитол Комплекс Complexe du Capitole |
Место | Чандигар, Метро област Чандигар, Индија |
Дел од | Архитектонските дела на Ле Корбизје |
Вклучува | Дворец на Собранието, Зграда на Собранието, Висок суд на Пунџаб и Харијана, Споменик „Отворена рака“ |
Критериум | културно: (i), (ii), (vi) |
Навод | 1321rev-014 |
Запис | 2016 (XL заседание) |
Површина | 66 хектари |
Преоден појас | 195 хектари |
Координати | 30°45′26″N 76°48′24″E / 30.7573° СГШ; 76.8066° ИГД |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Le Corbusier's Capitol Complex a mess, in dire need of facelift“. indianexpress.com. Посетено на 9 декември 2021.
- ↑ „Chandigarh's Capitol Complex is now a UNESCO heritage site“. Архивирано од изворникот на 2016-07-19. Посетено на 9 декември 2021.
- ↑ „Chandigarh's Capitol Complex is now a UNESCO heritage site: All you need to know“. hindustantimes.com. 18 јули 2016. Архивирано од изворникот на 2016-07-19. Посетено на 9 декември 2021.
- ↑ „Capitol Complex, as Le Corbusier wanted it, remains incomplete - Indian Express“. indianexpress.com. Посетено на 9 декември 2021.
- ↑ https://indianexpress.com/article/cities/chandigarh/the-most-planned-city/
- ↑ „UNESCO approves all 3 Indian nominations for heritage tag“. intoday.in. Посетено на 9 декември 2021.
- ↑ „Four sites inscribed on UNESCO's World Heritage List“. whc.unesco.org (англиски). UNESCO World Heritage Centre. 15 јули 2016. Посетено на 9 декември 2021.
Надворешни врски
уреди„Комплекс Капитол (Чандигар)“ на Ризницата ? |