Колосална лигна
Колосална лигна | |
---|---|
Научна класификација |
Колосална лигна | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | |
Тип: | |
Класа: | |
Поткласа: | |
Надред: |
Колосална лигна (англиски: Colossal squid), позната и како гигантска лигна — вид лигни за кој се верува дека е најголемиот вид лигни во однос на масата. Тоа е единствениот познат член на родот Mesonychoteuthis. Познати се само неколку примероци од овој вид, а според сегашните проценки, тие достигнуваат должина од 12 до 14 метри. Врз основа на анализата на примероците, овој вид е веројатно најголемиот познат безрбетник.[1]
За разлика од џиновската лигна, чии екстремитети се опремени со само неколку мали заби, екстремитетите на колосалната лигна се опремени со остри куки. Се верува дека блиските лигни се подолги и почувствителни од џиновските лигни. Оваа лигна има најголеми очи во целото животинско царство (еден примерок имал очи од 27 сантиметри). Во јануари 2014 година, бил фатен огромен примерок од оваа лигна. Џиновската лигна тешка 350 килограми потоа била замрзната осум месеци во музејот во Велингтон и морала да биде пренесена во лабораторија со помош на виљушкар. Научниците утврдиле дека се работи за женка со три срца, раце долги 3,3 метри, очи со пречник од 35 сантиметри и дека носи неколку јајца. Тоа го утврдиле кога во септември 2014 г. извршил обдукција на истата лигна. Расекувањето траело повеќе од три и пол часа, а била прикажувана во живо на Јутуб.[2][3]
Наводи
уреди- ↑ Anderton, H.J. 2007. Amazing specimen of world's largest squid in NZ. New Zealand Government website.
- ↑ Čudovište gigantskih razmjera ima tri srca i krakove od 3 metra![мртва врска]
- ↑ Te Papa: Hooks and Suckers. Blog.tepapa.govt.nz (2008-04-30). Retrieved on 2011-09-30.
- ↑ Te Papa: Hooks and Suckers. Blog.tepapa.govt.nz (2008-04-30). Retrieved on 2011-09-30.