Колку потешко ќе паднат

„Колку потешко ќе паднат“ (англиски: The hadrer they fall) – филм на режисерот Марк Робсон (Mark Robson) од 1956 година. Автор и на сценариото е Филип Јордан (Phillip Yordan), а главните улоги ги играат: Хамфри Богарт (Humphrey Bogart), Род Стајгер (Rod Steiger) и Јан Стерлинг (Jan Sterling). Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ за најдобра црно-бела фотографија, како и за наградата „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал, а тој е познат и по тоа што во него Богарт ја одиграл својата последна улога.[1]

Синопсис

уреди

Еди Вилис (го игра Богарт) е спортски новинар кој останал без работа откако пропаднал весникот во кој работел. Него го ангажира боксерскиот менаџер Ник Бенко (го игра Стајгер) со цел да му помогне да го прослави боксерот Торо Морено кого штотуку го открил во Аргентина. Всушност, Торо е само огромен човек кој не знае да боксува така што Вилис и Бенко мора да организираат наместени борби во кои Торо победува на нечесен начин. Така, Торо ниже победи и станува славен. Тогаш, Бенко организира борба со поранешнито шампион Гас Данди, кој има тешка повреда од која умира во текот на борбата. Торо е погоден од неговата смрт, мислејќи дека тој го убил Данди, па сака да побегне во татковината. Сепак, Вилис успева да го убеди да остане за да може да се бори против шампионот Бади Бренан. Бидејќи Бренан не сака да соработува со Бенко, Торо ја губи борбата при што е буквално претепан во рингот. По борбата, Вилис дознава дека Торо е измамен од менаџерот и дека од сите борби заработил само 50 долари. Затоа, тој му го дава својот хонорар на Торо и го качува на авионот за Аргентина, а потоа решава да напише остра статија во која ќе ги разоткрие нечесните игри на боксерските менаџери.

Наводи

уреди