Кога тргнав Цвето
„Кога тргнав Цвето“ е македонска народна песна. Текстот за песната е напишан во 1972 година[5] од страна на Абас Цаноски, а музиката е компонирана од Васка Илиева. „Кога се роди песната "Кога тргнав, Цвето, во туѓина" со текстот в раце, во далечната 1972 година влегов во РТВ Скопје. Се сретнав со Васка Илиева и ѝ ги покажав стиховите. "Оваа песна е за мене, за мојата душа. Ќе ги растегнам гласните жици", рече таа“ - се присетува Цаноски[5]
„Кога тргнав Цвето“ | |
---|---|
Македонска народна песна од Васка Илиева, Момо Николоски, Петар Нечоски, Благица Павловска[1], Драган Вучиќ, Јордан Митев[2], Шабан Шаулиќ.[3] | |
Јазик | македонски |
Напишана | 1972 |
Објавена | 1974[4] |
Облик | Грамофонска плоча, 7" |
Студио | Југотон |
Жанр | македонска народна музика |
Должина | 3:23 |
Композитор(и) | Васка Илиева |
Текстописец | Абас Цаноски |
Оригиналната верзија на песната е во изведба на Васка Илиева.[6] Песната за прв пат е објавена на носач на звук во 1974[7] во загребското студио Југотон, на грамoфонска плоча насловена како „Стојан си појде в мејана“.
Одлики
уреди„Кога тргнав Цвето“ има лирско-социјален карактер, во која се опева неверството на Цвета. Авторот ја замислил како „сторија на едно сиромашно семејство растргнато меѓу сиромаштијата и гурбетот.“[8] Иако авторот на песната е познат, многумина мислат дека се работи за изворна народна песна, пред сѐ затоа што во оригинал е испеана со народните инструменти на Пеце Атанасоски.[8]
Популарност
уредиОсобена популарност добива во средината на деведесетите години од минатиот век. За оваа песна Верица Ристевска во 1997 напишала: „Малку, малку па некоја песна ќе воскресне. Со други зборови, ќе се сети некој да ја извлече од заборавот, да ја оживее и, по некое непишано правило, да стане хит. Последен таков пример е песната 'Кога тргнав Цвето во туѓина'. Всушност, без таа Цвета неверница не поминува ниту свадба, ниту забава, ниту било каква свирка"[8]
„Кога тргнав Цвето“ е препеана од многу македонски пеачи како Момо Николоски, Петар Нечоски, Благица Павловска[1], Драган Вучиќ,[9] Јордан Митев[2] и други[8]. Препеана е и од некои бугарски пеачи[8]; а исто така во 2006 година, снимена е српска верзија на песната во изведба на Шабан Шаулиќ.[3]
Текст
уредиКога тргнав Цвето за туѓина,
дробни солзи ти ронеше,
дробни солзи Цвето ти ронеше
и во Бога се колнеше.
Дека верна Цвето ќе ми бидеш,
куќа, деца ќе ми гледаш,
но јас Цвето мори верба немав,
бргу назад јас се вратив.
Наш'то порте Цвето затворено,
а децата позаспани.
Ламбичето подзапрено,
а ти Цвето во комшии.
А ти Цвето во комшии,
црно кафе си пиеше,
црно кафе Цвето си пиеше,
благ муабет си правеше.[10]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Blagica Pavlovska – Blagica Pavlovska“. Discogs.
- ↑ 2,0 2,1 „Јордан Митев* – Македонски Везови“.
- ↑ 3,0 3,1 „Šaban Šaulić – Bogati Siromah“.
- ↑ https://www.discogs.com/release/5970336-Vaska-Ilieva-Stojan-Si-Pojde-V-Mejana
- ↑ 5,0 5,1 „Васка Илиева“. Македонска Нација.
- ↑ „Абас Цаноски - Балканска легенда“. инфо-кс.
- ↑ „Vaska Ilieva – Stojan Si Pojde V Mejana“. Discogs.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 „Мајсторот песнопоец Абас Цаноски и неговата Цвета“ (PDF). Македонско Сонце. 2007.
- ↑ „Песни за Душа - Драган Вучиќ“. Музички Регистар. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 2021-10-19.
- ↑ „Кога тргнав Цвето“. pesna.org.