Кнешпоље, или Кнежопоље, претставува територија на просторот Поткозарје и планината Козара, во северозападниот дел на Република Српска, БиХ.

Кнешпоље.

Географија

уреди

Границата на Кнешпоље оди по Уна од Козарска Дубица до Српска Костајница, од каде оди со реката Стригова на шумите Пастирево и Каран, па понатаму ги опфаќа селата Горња и Доња Јутрогошта, Црна Долина и Велико и Мало Паланчиште, преоѓа преку Козара и избива на селото Моштаница, а од таму по патот на Моштаница-Дубица се спушта повторно на Уна.

На овој простор сместени се педесетина кнежополски села, од кои поголеми се: Кнежица, Читлук, Стригова, Побрѓани, Велико и Мало Двориште, Горња Јутрогошта, Доњи Јеловац, Паланчиште, Крива Ријека, Градина, Меѓувоѓе, Мљечаница, Слабиња, Шеварлије, Брекиња и други.

Во литературата

уреди

Поетот и писател Скендер Куленовиќ за место во своето епохално дело „Стојанка мајка Кнежополка“ го избрал Кнешпоље, каде го опишал страдањето на Србите од усташкиот геноцид, и тажењето на Стојанка, мајката на Срѓан, Мрѓан и Млаѓен, над своите мртви синови.

Народни обичаи

уреди

Кнешпоље е област со посебни народни обичаи.[1] Од народните песни се пеат ојкачи, кои се изведуваат со најмалку три пејачи и без инструментална музика.[1] Од ора се изведува козарачко коло.[1] Традиционален инструмент е тамбурица.[1] Женската кнешполска народна носија се состои од бошќе (марама), кошула и прегача, а мажите носеле шешири.[1]

Ој Кнешпоље, мили завичају, родна грудо мој зелени гају, ђедов прагу, очева колијевко. Драго си ми ко мајчино млијеко, кроз године и кроз покољења, огледало части и поштења. Врело буне и гњјезда јунака, гдје је пушта ко сестра и мајка, кроз живот ме прати пјесма твоја, ој дјевојко драга душо моја.[1]


Жители

уреди

Жители се нарекуваат Кнежополци и Кнежополки и припаѓаат на Краишниците.[1]


Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Огњишта: Кнежопољско прело“ (српски). Радио-телевизија Републике Српске. 11 март 2012. Посетено на 13 март 2012.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)[мртва врска][мртва врска]

Надворешни врски

уреди