Стојанка мајка Кнежополка
Стојанка мајка Кнежополка – поема на Скендер Куленовиќ настаната во 1942 година. Била создадена како поетско сведоштво на ужасите на усташкиот колеж над српските цивили на Козари.
Поема јазично е обликувани по модел на народна тажалка. Но таа е повеќе повик на одмазда, славење на слободата и животот, отколку тажење на мајката која изгубила три сина (Срѓан, Мрѓан и Млаѓен) во непријателската офанзива.
Во поткозарското село Меѓувоѓе по неа е именувано основното училиште „Мајка Кнежополка“.