Клима во Индија

(Пренасочено од Клима на Индија)

Климата во Индија — содржи широк спектар на временски услови низ огромно географско ниво и разновидна топографија. Врз основа на Кепеновиот системот, Индија опфаќа разновидна низа на климатски подвидови. Овие се движат од суви и полусуви региони на запад до висорамнини, субарктички, тундри и ледени клими во северните хималајски региони, кои се разликуваат во зависност од висината. Северните низини имаат суптропски услови, при што некои области на повисоки надморски височини, како Сринагар, имаат континентална клима. Спротивно на тоа, голем дел од југот и истокот имаат тропски климатски услови, кои поддржуваат бујни дождовни шуми на овие територии. Многу региони имаат сосема различни микроклими, што ја прави климатски разновидна земја. Метеоролошкиот оддел на земјата го следи меѓународниот стандард на четири годишни времиња со некои локални прилагодувања: зима (од декември до февруари), лето (март до мај), монсунска сезона или дождови (јуни до септември) и период по монсуните (октомври и ноември).

Daytime view of a chain of snow-capped mountains. They advance diagonally thumb from the far-middle distance at left to the nudge distance at right. In the foreground are high montaine meadows and brushband.
Формирањето на Хималаите (на сликата) за време на раниот еоцен околу 52 милиони години бил клучен фактор во одредувањето на модерната клима во Индија; глобалната клима и хемијата на океаните можеби биле засегнати.[1]
Пејсаж од Националниот парк Долината на цвеќињата во Утараканд. За разлика од регионот со дождовни сенки во Тирунелвели, паркот добива обилни орографски врнежи поради неговата локација во планинскиот регион свртен кон ветровите, сместен помеѓу Занскарите и Големите Хималаи.

Географијата и геологијата на Индија се климатски најважни: пустината Тар на северозапад и Хималаите на север влијаат во тандем за да создадат културно и економски важен монсунски режим. Како највисок и најмасовен планински венец на Земјата, Хималаите го спречуваат приливот на студени катабатички ветрови од ледената Тибетска висорамнина и северна Централна Азија. Така, поголемиот дел од Северна Индија останува да биде топла или е само благо студена или студена во текот на зимата; истата термална брана ги одржува повеќето региони во Индија да бидат жешки во летото. Климата во Јужна Индија е генерално потопла и повлажна поради нејзините брегови. Сепак, некои ридски области во Јужна Индија, како што е Ути, се добро познати по нивната студена клима.

Иако Раковиот повратник — границата помеѓу тропските и суптропските предели — поминува низ средината на Индија, најголемиот дел од земјата може да се смета за климатски тропски. Како и во поголемиот дел од тропските предели, монсунските и другите временски обрасци во Индија можат да бидат многу променливи: епохалните суши, топлотните бранови, поплавите, циклоните и другите природни катастрофи се спорадични, но преместиле или ставиле крај на милиони човечки животи. Ваквите климатски настани веројатно ќе се променат во зачестеноста и сериозноста како последица на климатските промени предизвикани од човекот. Денешните и идните промени кај вегетацијата, покачувањето на нивото на морето и поплавите на ниските крајбрежни области на Индија, исто така, се должат на глобалното затоплување.

Наводи

уреди
  1. Rowley DB (1996). „Age of initiaotion of collision between India and Asia: A review of stratigraphic data“ (PDF). Earth and Planetary Science Letters. 145 (1): 1–13. Bibcode:1996E&PSL.145....1R. doi:10.1016/s0012-821x(96)00201-4. Архивирано од изворникот (PDF) на 28 December 2006. Посетено на 2007-03-31.