Климагејт (Climategate),[1][2] бил инцидент кој започнал во ноември 2009 година со хакирање на е-поштенскиот опслужувач што го користи Climatic Research Unit (CRU) на Универзитетот на Источна Англија во Норич. Непознати лица украле и анонимно дистрибуирале над илјада е-поштенски пораки и други документи направени во текот на 13 години.[3][4][5][6] Универзитет го потврдил настанот[3] и изразил загриженост дека личните информации за поединцитете може да бидат компромитирани.[7] Деталите за инцидентот биле пријавени во полицијата.[4]

Зградата Хуберт Ламб

Критичарите тврделе дека е-пораките покажале дека постои премолчан договор помеѓу научниците кои се занимаваат со климатските промени за нецелосно презентирање на научните информации.[8] Други научници, како на пример Ричард Сомервил, го сметале инцидентот за клеветничка кампања.[9] Кевин Тренберт од Националниот центар за атмосферско истражување од САД изјавил дека селективно се цитирани само зборови и фрази, надвор од контекстот во обид да се саботира самитот во Копенхаген за климатските промени кој се одржал во декември 2009 година.

За самиот настан

уреди

Неидентификувани лица го пробиле опслужувачот на Climatic Research Unit и онлајн објавиле копии на е-пораките и документите кои ги нашле[4]. Биле украдени повеќе од 1.000 пораки и 3.000 други документи,[10] или околу 160 MB на податоци.[8]

Нападот се случил на 17 ноември од компјутер со турска ИП-адреса, а документите биле дистрибуирани низ Интернет преку компјутер кој се наоѓа во рускиот град Томск.[11]

Содржина на пораките

уреди

Украдениот материјал сочинет од повеќе од 1.000 електронски пораки и 2.000 документи кои се однесуваат на истражувања поврзани со климатските промени направени во периодот од 1996 до 2009 година.[12] Некои од пораките вклучуваат дискусии за тоа како да се изнајдат аргументите со кои научниците треба да се справат со скептиците, навредливи коментари во однос на скептиците, прашања од новинари, и работни верзии од научни трудови,[13] и се зборува за уништување на различни податоци со цел да се спречи достап до нив врз основа на Законот за слобода на информациите.

Реакции

уреди

Michael Mann, директор на Earth System Science Center при Државниот универзитет на Пенсилванија, кој е помеѓу оние кои се вмешани во контроверзите,[14] вели дека скептиците „ги земааат овие зборови сосема надвор од контекст да се направи тривијализира целата работа".[10] Toj целиот настан го нарече внимателно планиран и „од високо ниво, оркестрирана клеветничка кампања за да се сврти вниманието на јавноста за природата на проблемот со климатските промени.“[15]

Кевин Е. Тенберт, вели дека бил шокиран од настанот, но смета дека тоа би можело да помогне во убедувањето на скептиците во однос на климатските промени, како и тоа дека пораките го покажуваат „интегритетот на научниците.“[13] Тој исто така, смета дека "кражбата" може да биде насочена кон поткопување на преговорите на самитот во Копенхаген за Глобалните климатски промени.[16]

Американската асоцијација за унапредување на науката (American Association for the Advancement of Science) "изразува загриженост дека пробиените податоци ќе ја ослабат глобалната подготвеност за справување со гасовите на кои се должи ефектот на стаклена градина".[6]

Климатологот Џејмс Хансен смета дека оваа контроверза „нема влијание врз науката“, дека некои од пораките ја отсликуваат лошата проценка од страна на научниците, и дека доказите за човековото влијание врз климатските промени се неоспорни.[17]

Ова претставува транспарентен обид за да се дискредитираат научните докази и обид да се внесе конфузија во пресрет на разговорите во Копенхаген вели Малини Мехра од Centre for Social Markets.[18]

Ед Милибанд, Секретар за климатски промени на Обединетото Кралство вели дека „Една серија од пораки не може да го намали значењето на глобалната наука за климатските промени“[19]

Климатолозите на Универзитетот Викторија во Британска Колумбија, Канада, исто така, биле цел на обид на упад во нивните канцеларии и компјутерски системи. Професорот Ендрју Вивер, кој е еден водечките лица во Меѓународниот панел за климатски промени при ООН, коментира: "Тажна реалност е дека како научник кој рабои во оваа област честопати си цел на напади. Им нема крај од непријатни пораки и телефонски повици кои ги добивам.“ Тој верува дека хакерите „се обидувале да ги најдат сите нечистотии што можеле, како што било тоа направено во Велика Британија. Ако тие не се во можност да најдат нечисти работи, тогаш се обидуваат тоа да го направат со одбрани пораки или со искривена статистика извадена од контекст.“[20]

Наводи

уреди
  1. Revkin, Andrew C. (27 ноември 2009). „Hacked E-Mail Data Prompts Calls for Changes in Climate Research“. New York Times. Посетено на 28 ноември 2009. A fierce debate over the significance of the hacked material erupted as soon as the e-mail messages and other documents surfaced on Web sites just over a week ago. Some see in the e-mail correspondence — which includes heated discussions about warming trends, advice on deleting potentially controversial e-mail messages and derisive comments about climate skeptics — evidence of a conspiracy to stifle dissenting views and withhold data from public scrutiny, or, as some have put it, “Climategate.”
  2. Gardner, Timothy (2009-11-23). „Hacked climate e-mails awkward, not game changer“. Reuters. Архивирано од изворникот на 2022-10-20. Посетено на 2009-11-26. Already dubbed "Climategate," e-mails
  3. 3,0 3,1 "Climatic Research Unit update - 17.45 ноември 23". University of East Anglia – Communications Office. 23 ноември 2009. Архивирано од изворникот на 2009-12-05. Посетено на 5 декември 2009.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Hackers target leading climate research unit“. BBC News. 20 ноември 2009. The e-mail system of one of the world's leading climate research units has been breached by hackers.
  5. Webster, Ben (21 ноември 2009). „Sceptics publish climate e-mails 'stolen from East Anglia University'. The Times. Архивирано од изворникот на 2011-05-10. Посетено на 2009-12-07. Scientists' Leaked Correspondence Illustrates Bitter Feud over Global Warming
  6. 6,0 6,1 Johnson, Keith (23 ноември 2009). „Climate Emails Stoke Debate:Scientists' Leaked Correspondence Illustrates Bitter Feud over Global Warming“. U.S. NEWS. The Wall Street Journal. Посетено на 24 ноември 2009.
  7. „Hacked E-Mails Fuel Global Warming Debate“. wired.com. Посетено на 2009-11-25. Text " Threat Level " ignored (help); Text " Wired.com " ignored (help)
  8. 8,0 8,1 „Climate sceptics claim leaked emails are evidence of collusion among scientists | Environment“. The Guardian. Посетено на 2009-11-24.
  9. „Hacked climate emails called a smear campaign“. www.reuters.com. Посетено на 2009-11-26. Text " Reuters " ignored (help)
  10. 10,0 10,1 Eilperin, Juliet (21 ноември 2009). „Hackers steal electronic data from top climate research center“. The Washington Post.
  11. Stewart, Will; Delgado, Martin (2009-12-06). „Emalis that rocked climate change campaign leaked from Siberian 'closed city' university built by KGB“. Daily Mail.
  12. Gardner, Timothy (Mon Nov 23, 2009 4:07 pm EST). „Hacked climate e-mails awkward, not game changer“. Green Business. Reuters. Посетено на 24 ноември 2009. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  13. 13,0 13,1 Revkin, Andrew C. (20 ноември 2009). „Hacked E-Mail Is New Fodder for Climate Dispute“. The New York Times.
  14. Bailey, Ronald. The Scientific Tragedy of Climategate Reason. 1 декември 2009. "Pennsylvania State University has announced that it will investigate the activities of researcher Michael Mann, who worked closely with the CRU and several times expressed in the leaked emails his desire to stifle the scientific work of researchers with whom he disagreed."
  15. „Stolen E-Mails Sharpen a Brawl Between Climate Scientists and Skeptics - NYTimes.com“. www.nytimes.com. Посетено на 2009-11-25.
  16. Staff (22 ноември 2009). „Scientist: Leak of climate e-mails appalling“. The Associated Press. Архивирано од изворникот 2009-11-26. Посетено на 2009-12-07.
  17. „James Hansen: Climate Change Evidence 'Overwhelming,' Hacked E-mails 'Indicate Poor Judgement' - The Human Condition Blog - Newsweek.com“. newsweek.com. Архивирано од изворникот на 2009-11-27. Посетено на 2009-11-26.
  18. Black, Richard (2009-12-03). „Climate e-mail hack will impact on Copenhagen summit“ (англиски). BBC. Архивирано од изворникот на 2009-12-06. Посетено на 2009-12-07. It's a transparent attempt to discredit the scientific evidence base and sow confusion ahead of the talks in CopenhagenCS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  19. „UN body wants probe of climate e-mail row“ (англиски). BBC. 4 декември 2009. Посетено на 7 декември 2009. One string of email does not undermine the global science on climate change
  20. McCarthy, Michael; Owen, Jonathan (2009-12-06). „Climate change conspiracies: Stolen emails used to ridicule global warming“. The Independent.

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со назив „WSJ 23 Nov“ определена во <references> групата „“ нема содржина..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со назив „UEA 23 Nov“ определена во <references> групата „“ нема содржина..

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со назив „WaPo 21 Nov“ определена во <references> групата „“ нема содржина..

Надворешни врски

уреди

Официјална страница на Кевин Е. Тренберт Архивирано на 30 април 2010 г. (англиски)