Клео од 5 до 7 (филм)

Клео од 5 до 7 (француски: Cléo de 5 à 7) — француски филм од 1962 година, во режија на Ањес Варда (Agnès Varda) која е авторка и на сценариото. Главните улоги ги играат: Корин Маршан (Corinne Marchand), Антоан Бурсеје (Antoine Bourseiller), Мишел Легран (Michel Legrand), Хосе Луис де Вилалонга (José Luis de Vilallonga), Доминик Давре (Dominique Davray), а во филмот се појавуваат и Ана Карина и Жан-Лик Годар.

Поглед од Парк Монтсурис, Париз, Франција 04-10-2006

Синопсис

уреди

Во филмот се проследува животот на пејачката Клео (ја игра Маршан) во текот на два часа. Таа е убава, згодна, но самозаљубена, нарцисоидна и хипохондрична. Додека ги чека резултатите од медицинските тестови, таа е многу загрижена, мислејќи дека е сериозно болна. Затоа, таа посетува една гатачка која ѝ кажува дека е болна и дека ја чека смрт. Нејзината помошничка Анжел (ја игра Давреј) цело време се обидува да ја утеши, но без успех. Исто така, ниту љубовникот на Клео, богатиот Хосе (го игра де Вилалонга) не може да ја утеши. Кога во станот на Клео доаѓаат нејзините композитори, таа избувнува и излегува надвор. Шетајќи низ градот, Клео оди во паркот каде го среќава војникот Антоан (го игра Бурсеје), кој е на служба во Алжир, но се наоѓа на отсуство. Антоан ја придружува Клео до болницата, каде лекарот ѝ соопштува дека е болна од рак и дека ќе треба да оди на хемотерапија. Така, во тие тешки мигови, Антоан е единствената утеха на Клео.[1]

Наводи

уреди