Паул Кле
Паул Кле (18 декември 1879 — 29 јуни 1940) — германско-швајцарски сликар, член на уметничката група Син јавач. Во својата работа, Кле бил под влијание на неколку правци на современата уметност: експресионизмот, кубизмот и надреализмот. Кле и негоиот пријател Василиј Кандински познати се по својата педагошка работа во училиштето Баухаус.
Паул Кле | |
---|---|
Паул Кле во 1911 | |
Роден(а) | 18 декември 1879 Мјунхенбуксе во близина на Берн, Швајцарија |
Починал(а) | 29 јуни 1940 Муралто, Швајцарија | (возр. 60)
Националност | Швајцарец |
Образование | Академија за ликовна уметност, Минхен |
Познат(а) по | Сликање, цртање |
Значајни дела | повеќе од 10.000 слики и цртежи |
Правец | Експресионизам, Баухаус, Надреализам |
Животопис
уредиПаул Кле е роден во 1879 година во Швајцарија. Татко му бил учител по музика, а мајка му швајцарска пејачка. Детството го поминал во Швајцарија, а бидејќи по татко добил германско државјансво, после матурата 1898 година се отселил во Минхен. После двоумењето помеѓу музиката, литературата ликовната уметност, сепак се одлучил за сликарство. Прво студирал графика во приватното училиште на Хенрик Книр, каде стекнал уметничко искуство.