Клацкалка[1][2] — едноставна направа наменета за детска игра која работи на принцип на лост. Во основа, тоа е греда што на средината (во точката на тежиштето) е прицвртена на основата и подигната над земја за неколку десетици сантиметри. На краевите на гредата има седишта или само место за седење, со каква било рачка за која децата можат да се држат. Децата седат на седиштата, ја допираат земјата со нозете и наизменично се оттуркуваат од неа, така што тие наизменично се или високо во воздухот или ниско до земјата.

Удобна клацкалка со пружини
Наједноставниот и најчестиот облик на клацкалка.

Алтернативното движење се нарекува „клацкање“ и ги забавува учесниците во играта. Кога играта се прекинува, учесниците мора да застанат и да ја исправат гредата, за без проблеми да се симнат од седиштето. Во спротивно, ненадејното напуштање на седиштето, поради нарушена рамнотежа, доведува до пад на играчот кој останува на клацкалката. Затоа, клацкалките често се поставуваат над мека површина, како трева или струготини.

Клацкалката е омилена кај децата и заради тоа што може лесно да се импровизира. Со едноставно поставување на подолга даска на основата, може да се направи едноставна клацкалка.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди