Кичевска Каза
Кичевска каза била помала административна единица во Отоманското Царство. Била дел од Битолскиот санџак и Битолскиот вилает. Центарот на казата бил во Кичево. Се состоела од Горно Кичево, Долно Кичево, Горна Копачка, Долна Копачка, Рабетин Кол и Поречка Нахија (Горно и Долно Порече). Во состав на казата имало вкупно 117 села и градот Кичево.[1] На почетокот на 20 век населението било мешано во верска, етничка и национална смисла. Од муслимани во казата живееле Албанци, Македонци и Роми, а христијаните биле поделени на патријаршисти и егзархисти. Албанците и Македонците муслимани живееле во западниот дел на казата.[2]
Население
уредиСпоред податоците на Васил К’нчов од 1900 година, во Кичевската каза живееле 39 590 жители, од кои:
народ | вкупен број | % од вкупното население |
---|---|---|
Македонци / хрис. | 25.476 | 64,34 |
Македонци / мусл. | 7.660 | 19,34 |
Албанци | 6.190 | 15,63 |
Роми | 264 | 0,66 |
Вкупно | 39.590 | 100 % |
религија | вкупен број | % од вкупното население |
---|---|---|
христијани | 25.476 | 64,34 |
муслимани | 14.114 | 35,65 |
Вкупно | 39.590 | 100 % |